Тела на две сестри исфрли реката Хадсон во Њујорк – мистеријата допрва почнува

Телата на двете сестри, на возраст од 22 и 16 години ,  испливаа од реката Хадсон во Њујорк , а само ден пред исчезнувањето мајката добила повик од амбасадата на Саудиска Арабија.

Пред една недела телата на саудиските сестри Ротана (22) и Тала Фаре испливаа од реката Хадсон и за њујоршката полиција немало политика поврзана со нивната смрт. Нивните тела биле врзани со леплива трака и биле свртени една кон друга. на телата немало видливи траги на насилство , биле облечени и во фаза на распаѓање.

Нивното исчезнување било пријавено уште кон крајот на август. Но , денешното сведочење на мајката , фрли сосема ново светло на истрагата.

На ден пред наоѓањето на нивните тела мајката добила телефонски повик од амбасадата на Саудиска Арабија . И рекле дека девојките побарале политички азил во САД , па затоа престојот на целото семејство во Њујорк е во опасност. И се заканиле на мајката дека целото семејство е во опасност зашто ќерките побарале политички азил во САД.

Главниот конзул на Саудиска Арабија за американските медиуми потврдил дека ангажирал адвокат со намера случајот детално да се испита.

Тврди дека амбасадата од Вашингтон го контактирала семејството за да им даде поддршка и им понудиле помош. Девојките живееле во предградие на Вашингтон заедно со мајка им , а во САД пристигнале од Саудиска Арабија во 2015.

Фицо е свесен и комуникативен

Премиерот на Словачка Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.

- Истовремено се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот се заздравува по атентатот.

Вицепремиерот Роберт Калинак пред два дена изјави дека Фицо е надвор од животна опасност, иако се уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава. /МИА

Бербок го обвини Путин за терор насочен врз украинските цивили

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин за терор насочен врз инфраструктурата и цивилното население во Украина.

„Фактот дека овој терор врз инфраструктурата продолжи и по зимата покажува дека рускиот претседател сака да ја уништи земјата, сака да ги уништи животите на луѓето овде“, рече Бербок денеска за време на посетата на една од најголемите електрани во Украина.

Таа беше информирана од украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко за ситуацијата во електраната, која беше уништена минатиот месец.

Галушченко рече дека Русија истрелала вкупно 11 проектили на локацијата. Од нив, само шест беа соборени од украинскиот систем за противвоздушна одбрана бидејќи немаше повеќе на располагање противвоздушни ракети.

Германската министерка апелираше „до меѓународните партнери ширум светот дека треба да се зајакне воздушна одбрана за да ги заштитат не само големите градови, туку и инфраструктурата“.

„Дури и во топлите пролетни денови, снабдувањето со електрична енергија во Украина мораше да се намали бидејќи централните електрани на јаглен беа погодени од целни напади“, рече Бербок. /МИА

Младиот велешанец кој излета на автопатот Велес-Скопје, вон животна опасност

Изутрината во  06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31 годишниот велешанец П.К., излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во велешката болница, информираат од СВР Велес.

Како што изјави за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница на повредениот кој во велешката болница бил донесен во 7:00 часот, веднаш ми била укажана лекарска помош и бил испратен на одделот за Радиодијагностика и томографија и била констатирана скршеница на лева натколеница и бил оставен до 11 часот на посматрање во одделението за Хирургија,ортопедија и трауматологија при велешката Општа болница. Поради сериозноста на повредата потоа со возило на Итна помош бил препратен на понатамошно лекување во скопските клиники.

Како што информираат од СВР Велес, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници извршиле увид на местото на настанот.

притисни ентер