Телевизија објави интервју со почината оперска пејачка (ВИДЕО)

Телевизискиот канал на руското министерство за одбрана стана предмет за потсмев , откако на својот сајт објавиле интервју со оперска пејачка , почината пред неколку години.

ТВ каналот ,,Ѕвезда” објави дека нивниот новинар разговарал со Елена Образцова на погребот на контроверзниот новинар Сергеј Доренко. Доренко , кој порано беше приврзаник , а потоа и осдтар критичар на претседателот Владимир Путин, загина минатата недела во сообраќајна несреќа во Москва.

Телевизијата ја цитира покојната Обрасцова , која вели дека станува збор за бескомпромисен новинар , кој ја говорел вистината или воопшто не зборувал.

Но ,набргу во јавноста излегле информации со потсмев за телевизијата , во која се наведува дека оперската пејачка починала уште во 2015 година.

Во текстот се наведува дека интервјуто е направено на гробиштата ,,Тројековское” на 12. мај. Но , тука не завршуваат чудните настани.

Подоцна , ќерката на новинарот објавила дека погреб воопшто немало и дека се одлага на неодредено поради тоа што требало да се направат дополнителни истраги врз телото на нејзиниот татко.

А 🔥у оград мёртвые с букетами стоят. И тишина. "Мёртвые хоронят мертвецов". 💣»» «Телеканалу "Звезда" перед несостоявшимися похоронами Доренко встретилась Елена Образцова. С Новодевичьего приехала, надо полагать.» . Но на похоронах Доренко телеканал "Звезда" смог взять у нее интервью. Все о телевидении.)))))))Образцова умерла 4 года назад. НАдо было «звезде» добавить..... У оград «ансамбль песни и пляски Александрова» в полном составе. Так же присутствующая на церемонии «доктор Лиза» поведала журналистам, как в течении тридцати минут проводила реанимацию Доренко... Это просто пиздец, наши журналисты, в хорошем смысле👳🏼♂️!((( #садальский #сми #доренко #экстросенс #чудо #чернаямагияпорча #непрофессионал #телеканал #пиздец

A post shared by Стас Садальский️🎬 (@stassadal) on

Повеќето од медиумите ваквата лажна вест ја искористија да ја искритикуваат власта , која најави борба токму против лажните вести.

Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани

Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража ....

Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом.

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот.

Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети.

Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.

И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар.

Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта.

Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На ФЕИТ финале на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и ВИ - RoboMac 2024

 Финалето на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција - RoboMac 2024, ќе се одржи денеска во 17 часот во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 12-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.

Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.

ЕУ ги продолжи санкциите против одговорните за поткопување на Молдавија и Мјанмар

Санкциите поврзани со Молдавија, со кои во моментов се опфатени 11 физички лица и еден субјект, се продолжени до 29 април 2025 година.

Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување за една година на режимите на рестриктивни мерки кон физички и правни лица одговорни за активности насочени кон дестабилизација, поткопување или загрозување на суверенитетот и независноста на Молдавија и кон поткопување на демократијата и сериозни кршења на човековите права во Мјанмар.

Санкциите поврзани со Молдавија, со кои во моментов се опфатени 11 физички лица и еден субјект, се продолжени до 29 април 2025 година. Рестриктивните мерки поврзани со Мјанмар, кои се продолжени до 30 април 2025 година, во моментов важат за вкупно 103 физички лица и 21 субјект.

На физичките и правните лица опфатени со санкциите им се замрзнува имотот и на субјекти од ЕУ им е забрането директно или индиректно да им доставуваат средства на располагање или да им овозможуваат пристап до економските ресурси. Дополнително на поединците подложни на санкциите им е забранет влез и транзит низ територијата на ЕУ.

Со санкциите за Мјанмар се воведува и ембарго за извоз на оружје, опрема за следење на комуникациите што може да се користи за внатрешна репресија и на стоки за двојна употреба на мјанмарската армија и граничната полиција, како и забрана за воена обука и соработка со Вооружените сили на земјата. Со рестриктивните мерки, исто така, се замрзнува финансиска помош и поддршка од ЕУ за мјанмарската Воена хунта, што би можеле да се сметаат за нејзино легитимирање.

Во заклучоците од Самитот на ЕУ одржан на 21 и 22 март, европските лидери ја реафирмира својата посветеност да ја обезбеди сета релевантна поддршка на Молдавија за справување со предизвиците предизвикани од руската агресија врз Украина и за зајакнување на отпорноста, безбедноста и стабилноста на земјата од дестабилизирачките активности на Русија и нејзините сателити. Режимот на рестриктивните мерки на ЕУ насочени кон лица одговорни за поддршка или спроведување активности за поткопување или загрозување на суверенитетот, независноста, демократијата, владеењето на правото, стабилноста или безбедноста на Молдавија беше воведен лани во април. Дополнително, на Самитот на ЕУ на 14 декември минатата година беше донесена одлука за старт на преговорите за членство со Молдавија. Земјата доби статус на земја на кандидат за членство во ЕУ на 23 јуни 2022 година.

ЕУ ги воведе првите рестриктивни мерки поврзани со Мјанмар на 22 април 2013 година. Дополнително санкциите беа проширувани по воениот удар од 1 февруари 2021 година и континуираната воена и полициска репресија во следните години. Со одлуката за ново продолжување на овие санкции, ЕУ ја реафирмира својата најсилна осуда на воениот удар во Мјанмар и неговите последици и ја изразува својата длабоко загриженост поради континуираната ескалација на насилството и конфликтот во земјата, проследени со репресивни неселективни акции од страна на армијата врз населението, со сериозно кршење на основните човекови права и со непочитување на принципите на правдата и хуманоста. ЕУ ја потврдува својата непоколеблива посветеност на потрагата на народот на Мјанмар за слободна, мирна и демократска иднина, посочува ЕК.

притисни ентер