Телевизија во Словенија доби робот за водителка на вести, гледачите згрозени

Последниве денови Словенците беа прилично згрозени од фактот дека вештачката интелигенција во оваа земја почна на големо да ги менува луѓето.

Досега најдалеку во овој поглед отиде Меркатор, кој ја замени вистинската ТВ водителка од крв и месо на својот канал М Сосеска со дигитален. Таму Ота Р. Мерц, чие име е анаграм на зборот Меркатор, ги пречекува гледачите и ги информира за сите новости. Овој потег на Меркатор предизвика огорченост кај многу Словенци, меѓу кои и новинарот Миша Марган, пишува Журнал 24.

„Гледам филм и наеднаш на екранот се појавува Ота Р. Мерк, дигитална вештачка водителка која кажува бла бла пораки без трошка емпатија и емоции. Ми падна вилицата, не поради рекламата затоа што не се сетив што рече, но поради фактот што нашиот „најдобар сосед“ ни нуди застрашувачки поглед во иднината. Иднина во која повеќе нема да ни требаат ТВ водители, доктори, наставници... туку сите ќе бидат „ вештачки интелигентни“ луѓе. А потоа се прашувам дали човештвото сè уште е потребно на овој свет“, напиша Марган.

Во продолжение го пренесоа и појаснувањето на Меркатор.

„Ние во Меркатор сме иноватори. Бевме првите што ги воведовме фискалните каси на TikTok, бевме меѓу првите што понудивме автоматски каси, а како иноватори со задоволство пробуваме нови технологии и пристапи. Ова важи и за употребата на вештачка интелигенција да ги тестираме на податоци врз основа на кои можеме да донесеме подобри деловни одлуки или ги тестираме во други области, како што е комуникацијата“, велат тие и додаваат дека дигиталната водителка Ота служи за пренесување класични корпоративни пораки на неделна основа.

„Бидејќи се работи за неделни содржини, класичното производство на овој формат би било исклучително напорно во однос на време и трошоци, но вештачката интелигенција ни помага во брзото и агилно создавање“, велат во Меркатор и својот потег го оцениле како храбар, објави Јутарњи лист.

Исповед на една девојка која проживувала драма - Реакцијата на училиштето е ужасна

„Злоставувањето на училиште ме уништи, сите го игнорираа проблемот“.

Една популарна австралиска инфлуенсерка споделила свое лично искуство од злоставување на училиште откако дознала дека во нејзиното средно училиште повторно кружи морничав список, сличен на оној што нејзе ѝ го претворил животот во кошмар. Февеја, која денес има 20 години, решила да проговори за своето искуство откако слушнала за списокот направен од момчиња од едно приватно училиште во Мелбурн. На овој список биле оценките на нивните соученички, а бил објавен на платформата „Discord“ и откриен од страна на училиштето. Списокот, исто така, содржел фотографии од ученички, а девојките биле рангирани од најдобри до најлоши, како „сопруги“, „слатки“, „просечни“, „такви со кои би имале односи“.

Февеја не била изненадена од овој случај, бидејќи и самата поминала низ слично искуство пред четири години. Кога група момчиња ја рангирале без нејзина согласност, таа била во единаесетто одделение и тоа искуство ја „понижило“. „Ме ставија на слична листа која беше објавена на вести. Бев ставена во категоријата „ку*ви“ – вели Фавеја.

Иако тогаш била дете и како што открива, била девица, но штетата веќе била направена.

-Три години бев малтретирана, понижувана, вознемирувана и емоционално злоставувана од група момчиња. Моето училиште цело време знаеше за тоа, но не презеде ништо - изјавила таа.

Игнорирање на проблемот од страна на училиштето

Февеја открива дека ваквото искуство ѝ го променило карактерот.

- Се чувствував скршено, се чувствував обезвреднето како жена. Постојаното малтретирање што го доживеав од овие момчиња целосно ми го промени карактерот. Од весела, жива, гласна ученичка, станав плачлива, тивка несреќна. Се чувствував поразено, се чувствував внатрешно повредена – изјавила таа за news.com.au.

Злоставувањето било толку лошо што почнала да губи свест од силниот стрес, анксиозност и депресија. Таа тврди дека неколку пати морале да ја однесат во амбулантата за итни интервенции бидејќи ја нашле онесвестена во тоалетот.

Оваа девојка побарала советување од училиштето, но како што вели, честопати од таму велеле дека „момчињата ќе бидат момчиња“ и дека мора да се справи со тоа. Иако биле преземени некои чекори за да ѝ се олесни животот, таа наишла на отпор. Ѝ било дозволено да го напушти часот и да оди во канцеларијата на советникот секогаш кога ѝ било потребно, но тврди дека наставниците понекогаш ја одбивале и ѝ велеле дека сè е во ред. Причината поради која често сакала да побегне од училницата била тоа што секогаш била мета на момчињата кои го направиле списокот.

– Ме малтретираа, ме навредуваа, ме фотографираа, снимаа, правела лажни профили на мое име, ме демнеа, јавно ме понижуваа, ме нарекуваа со погрдни имиња, го срамотеа моето тело – изјавила таа.

Како Февеја го надминала проблемот

На крајот од средното училиште, нејзиното семејство било повикано на состанок со училиштето. Тие сметале дека конечно ќе направат нешто во врска со хроничното малтретирање, но наместо тоа им било кажано дека ако Фавеја пропушти уште еден час, нема да дипломира.

- Ми рекоа дека не ќе можам да дипломирам поради изостаноците, иако знаеја зошто не присуствувам на наставата – изјавила оваа девојка.

Како одговор, Февеја се изборила така што смогнала сили да присуствувала на секој час до дипломирањето и била рангирана како „многу добра“. Ова искуство оставило белег на неа и сега списокот направен од приватно училиште во Мелбурн ѝ ги вратило спомените и чувствата.

- Се чувствувам згрозено. Знам колку често се случува ова. Не сум изненадена. Мислам дека треба да има построги казни за училишните насилници – рекла таа во својата исповед.

Февеја верува дека, како општество, премногу се грижиме за тоа што врз жените постојано се врши насилство, но според неа, одговорот за тоа почнува уште на училиште.

- Казните за мизогино однесување на училиште не се доволно строги. Тоа се „турка под тепих“, под изговорот „момчињата ќе бидат момчиња“, во смисла, незрели момчиња – вели оваа девојка во својата исповед.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

притисни ентер