Термо-камера и на аеродромот во Скопје

Лекари од Центарот за јавно здравје Скопје се наоѓаат на аеродромот каде ќе им прават преглед на пациенти кај кои ќе се детектираат симптоми. 

Термо-камера функционира и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да регистрира дали некои патници кои долетуваат од Дубаи или Истанбул – места кои имаат директна транзитна поврзаност со областа во Кина, имаат висока температура и други симтоми на корона вирусот. Први кои беа скенирани се дел од патниците во авионот од Дубаи.

Лекари од Центарот за јавно здравје Скопје се наоѓаат на аеродромот каде ќе им прават преглед на пациенти кај кои ќе се детектираат симптоми. Ако се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека, дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било каква симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. Тие што немаат симпоматологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување ќе се јават.

– Кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат зголемена температура, а да бидат носители на вирусот. Ова е само еден дел од превентивните мерки што не значи дека и тука ако не регистрираме зголемена температура дека можеби нема патник кој е носител на корона вирусот. Зголемена темперуата може да се има не само од корона вирус може да се има и од грип, сега е сезона на грип и други респираторни инфекции. Пациентот детално се испитува се зема епидемиолошка анамнеза се носи во соба за изолација доколку се смета дека постојат какви било сомневања дека можно е да има инфекција со корона вирус, се вика амбулатно возило и се проследува до Инфективната клиника, изјави доктор Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје Скопје.

Според последните податоци, во кинескиот град Вухан се регистрирани 2.800 заразени од корона вирусот, а 81 досега се починати, додека 300 се во критична состојба. Во Пекинг попладнево е регистриран првиот смртен случај од корона вирусот. Не се регистрирани жртви надвор од Кина. Најмалку 40 заразени од вирусот има во повеќе други држави. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер