Тодороски: Државата треба официјално да ги признае воздухопловните спортови, зашто Македонија е етаблирана на меѓународен план

Македонската федерација на воздухопловните спортови бара воздухопловното моделарство да биде внесено во категоријата спортови и спортисти во Македонија. 

Македонската федерација на воздухопловните спортови бара воздухопловното моделарство да биде внесено во категоријата спортови и спортисти во Македонија. Според Здравко Тодороски од Федерацијата и селектор на македонската репрезентација, ќе има трибини, а поддршка се бара од Факултетот за физичка култура и од Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата крајно ќе преземе мерки, а признавањето како спортска дејност носи многу бенефити.

-Со сите напори и активности, сметам дека заслуживме воздухопловното моделарство да влезе во категоријата на спортска дејност. Затоа, ќе почнеме поширока акција со трибини, контакти со стручните лица од Факултетот за физичка култура, со Агенциајта за млади и спорт. Ќе преземеме мерки со кои ќе докажеме дека спортското воздухопловно моделарство мора да си го заземе местото во групата на сите други спортови, признати во Макеоднија. Тоа, автоматски носи морални и материјални бенефити. Најмногу што ќе биде валоризиран резултатот и трудот на спортистите, вели Тодорски.

Зад Федерацијата е напорна, но успешна година во организацијата на светски купови во воздухопловно моделарство, но и во атрактивната нова светска дисциплина – натпревари во дронови. Особено предничат спортскиот аеродром кај Прилеп и прилепскиот клуб „Фил Феникс", а оттука и Македонија како организатор на меѓународни натпреварувања.

-Воздухопловните спортови имаат многу дисциплини. И сите, посебно, се голем предизвик за натпреварувачите и вљубениците во воздухопловното моделарство, во натпреварите со дронови. Во Прилеп поминаа стотици спортисти од целиот свет во многу натпреварувачки области. Лани во Прилеп беа организирани два светски купа во воздухопловни модели и два во летачките спортски дронови. Овие дисциплини, секоја година носат многу иновации и квалитети, се постигнуваат сѐ поголеми резултати. Најверојатно, развојот на електрониката, на техниките, на аеродинамиката како наука, применлива во секоја сфера од воздухопловството, носат можности да се постигнуваат врвни резултати во воздухопловството. Организацијата е етаблирана, стручниот кадар е професионален. Репрезентацијата на Македонија во јуниорска конкуренција освои врвни резултати. Младите спортисти на државните првенства и на лига натпреварите станаа државни прваци-екипно и вице-шампиони. Уште побитно, освоија медали на светскиот куп. Од светскиот шампионат во Бугарија сме задоволни поради потенцијалите на македонските јуниори, објаснува Тодороски.

Ако 2018 беше богата и тешка и на организациски и на спортски план, оваа година ќе биде многу потешка. Прилеп и Македонија ќе бидат организатори на три натпревари од светскиот куп на воздухопловно моделарство во слободнолетачки модели и еден натпревар во летање со дронови.

-Следен предизвик ќе биде европскиот шампионат во јуниорска конкуренција. Обично учествуваат 20 до 25 држави. Значи, уште еднаш, пред воздухопловниот клуб „Фил Феникс", пред Прилеп и пред Македонија ќе се исправи уште еден голем предизвик. Со искуството на организацијата на светско првенство во 2016 и Еврпоското во 2017 година, верувам дека ќе успееме да организираме врвна манифестација од највисок ранг, вели Тодороски.

По стагнацијата на овој воздухопловен спорт по 2000 година, група ентузијасти и стручни лица, ги поставија темелите на нов почеток, особено по 2010 година.

-Македонија ја етаблиравме високо во меѓународната заедница со висок авторитет. Сите наши активности ќе ги поддржи Меѓународната федерација, а на Македонија ќе и донесе врвни организациски и спортски резултати. Затоа многу битна поддршката на домашен план и признавањето на овој спорт како официјална спортска дејност, вели Тодороски. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер