Трагедија во Ниш: Сопружници се задушиле од неисправна плинска печка

Сопружниците Бранкица (38) и Игор (41) Нешиќ од нишката населба Бранко Бјеговиќ ноќта меѓу 26 и 27 ноември се задушиле со плин во семејната куќа во која живееле заедно со таткото на Игор и братот Саша.

Според Саша, огромна трагедија ги снашла поради шпоретот што неговиот постар брат и снаа го користеле за греење, но и за готвење.

„Се загреваа со отворање на рерната. Сепак, шпоретот работеше така што рерната се загреваше додека боцата со плин беше полна со плин, а кога беше главно празна, гасот само истекуваше. Вечерта сите отидовме да спиеме, јас во собата до нивната, а татко ми во дневната. Ништо не слушнавме, ниту пак забележавме нешто сомнително. Заспале и гасот истекол и ги задушил. Утрото, без да се посомневам, отидов рано на работа. После тоа станал и татко ми и излегол од дома бидејќи имал некои обврски. Кога се вратил дома и седнал да јаде, сфатил дека нешто не е во ред, дека не може да го слушне ниту Игор, ниту Бранкица. Кога влегол во собата, ги нашол мртви“, раскажува видно потресениот млад човек.

Тој рече дека татко му веднаш повикал полиција и брза помош, но дека не сакал да го потресе додека бил на работа.

„Дека брат ми и снаа ми се мртви дознав дури кога ме сретна на улица. Во куќата имало уште многу полицајци, истражувале. Брзата помош не можела да помогне, тие починале во текот на ноќта. Ги погребавме пред два дена во селото Суботинац од каде што сме. Голема тага, сакаа да живеат, да станат родители. Тие беа во брак три години и пред извесно време ја започнаа процедурата за ин витро оплодување“, изјави Саша.

Според него, трагедијата можела да биде уште поголема доколку случајно нивниот татко влегол во собата со запалена цигара. Сигурно, додаде тој, ќе имало експлозија бидејќи просторијата се уште била полна со плин.

Тој рече дека неговиот сега починат брат и тој изминатите години многу се мачеле да обезбедат пристојни услови за живот во куќата што ја изградиле нивните родители.

„Кога се преселивме од Суботинац во 2016 година, куќата немаше покрив, само плоча, а прозорците беа стари, дрвени. Земав кредит, ставив покрив, ПВЦ столарија. Сè уште немаме струја, па користиме соларни панели, но го започнавме процесот на легализација за да можеме да се приклучиме на мрежата. Во собата на брат ми и снаа ми ставивме шпорет на дрва, но тие веднаш рекоа дека нема да се греат така, дека ќе се греат на плин затоа што е поефтино и поекономично“, изјавил Саша. .

Соседите на несреќните луѓе се уште се во неверување дека ваква несреќа можела да им се случи на Бранкица и Игор. Велат дека често ги гледале, особено Игор бидејќи работел во тутунски комбинат, па секој ден одел на работа.

Од полициската управа во Ниш потврдија дека нема сомнителни околности во случајот со смртта на брачните другари.

Тие биле погребани во средата на селските гробишта во Суботинац.

Според наредба на обвинителството, обдукцијата потврдила дека се задушиле со јаглерод моноксид.

Нивните тела во понеделникот околу 13 часот ги пронашол роднина бидејќи не се јавувале на телефон, објави Телеграф.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

МВР, воедно, соопштува дека утре Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром по повод верскиот празник Велигден.

-Утре во периодот од 18:00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, се наведува во соопштението.

Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.

-Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, наведуваат од МВР.

Претседателските кандидати без поддршка од партиите од албанскиот блок во вториот круг

Партиите од албанскиот блок нема да подржат ниту еден од престедателските кандидати кои влегоа во вториот круг од престедателските избори.

И од Коалицијата ВРЕДИ и од Европскиот фронт предводен од ДУИ ги повикаа граѓаните да гласаат по сопствено убедување и порачаа дека тоа екслузивно право на гласачите.

„Не можеме така лесно да ги ориентираме галсачите кон едниот или другиот кандидат, така да на галсачите не им е прв пат тие имаат доволно искуство, ги гелдаат програмите и платформите, ќе анализираат и слободно ќе се определат за кој претседателски кандидат ќе галсаат на 8-мај. “

Од ВРЕДИ се категорични дека бојкотот во вториот круг не е опција за нив, туку напротив велат дека очекуваат помасовна излезност на гласачките места на двојните избори во среда. Ги обвинија Интегративците дека подготвуваат тивок бојкот, со цел да презивикаат политичка криза, а со тоа да го продолжат мандатот на техничката влада. Им порачаа дека по 8-мај ќе има и нова влада и бадентерово мнозинство.

„Јавно го прашуваме Али Ахмети – дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори, иако се сретнавте со Пенадаровски и му ветивте поддршка? Вољата на анродот е да има промени. Ќе има Влада не со 61, туку со на д 70 пратеници и мнозинство пратеници Албанци и со големо мнозиснтво на Бадентер. “

Порака до ДУИ во меѓувреме упатија и од Демократскиот сојуз од каде посочуваат дека Влада се избира со мнозинство од 61 пратеник во Собранието и дека ниту во Уставот, ниту во било каков договор или закон не е предвидено двојно гласање со Бадентер во Собранието, како што тврдеше Османи.

Гори фабрика во Берлин, градот е обвиен во отровен чад (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, а пожарникарите предупредуваат дека токсичен чад се шири низ градот.

Според првичните информации, четирикатницата била целосно опожарена.

"Можеме да потврдиме дека во зградата горат хемикалии. Таму се складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чадот. Моментално дежураат 130 пожарникари. Противпожарната служба ја известил јавноста преку апликација за тревога. Спасувачите носат заштитни одела“, велат пожарникарите од местото на настанот.

По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, димните гасови од фабриката се движеле кон север.

Пожарникарите советуваат избегнување на просторот околу деловните објекти, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.

„Зградата сега е целосно изгорена. Дел од зградата веќе се сруши. Ја чистиме само надворешноста. Пожарот повеќе не може да се држи под контрола одвнатре“, изјави Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна служба, кој во моментов е на лице место.

Берлин издаде официјална тревога со која ги советува луѓето да ја избегнуваат областа.

Учениците и наставниците од околните училишта се испратени дома.

Во е-пошта до родителите, едно средно училиште напиша: „Учениците се советувани да си одат дома што е можно поскоро“.

Засега нема информации за повредени лица или за причини за пожарот.

притисни ентер