Трамп: Бајден е на страната на терористите, светот го води кон Трета светска војна

„Бајден е слаб, корумпиран и го води светот директно во Третата светска војна“,.

Поранешниот американски претседател и се поизвесен претседателски кандидата на републиканците за изборите во ноември, Доналд Трамп, го критикуваше актуелниот претседател Џозеф Бајден со условувањето на испораката на оружје и поддршката на Израел со воздржување од „целосна инвазија“ на Рафа.

Трамп го обвини Бајден дека е на страната на палестинскиот екстремистички Хамас, објавија денеска израелските медиуми.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека „Криминалецот Џо е на страната на терористите“, алудирајќи на Хамас и изјави дека Бајден „застанува на страната на радикалните толпи кои ги зазедоа кампусите, бидејќи неговите донатори ги финансираат“.

„Бајден е слаб, корумпиран и го води светот директно во Третата светска војна“, рече поранешниот американски лидер, повторувајќи дека војната меѓу Израел и Хамас немаше да започне доколку тој беше претседател.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека неговата земја нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што би можело да се искористи за да се изврши „целосен напад“ врз Рафа, последното упориште на Хамас во Газа, поради загриженост за животите на повеќе од милион цивили кои се засолнија таму.

Бајден во интервјуто кажа дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел, на кој ќе му испратат ракети-пресретнувачи за „Железната купола“ и друго одбранбено оружје, но ако Израел „оди“ во Рафа, Вашингтон нема да го снабдува со офанзивно оружје.

Сите спортски настани во Иран се откажани поради смртта на претседателот на земјата

Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата. Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

притисни ентер