Трамп и ЕУ неочекувано најавија прекуатлантски трговски договор

Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен неочекувано објавија во Давос подготвеност да склучат трговски договор во наредните недели, со што треба да се смират духовите од обете страни на Атлантикот.

„Планираме да добиеме договор за неколку недели што ќе може да го потпишеме“, рече Урсула фон дер Лејен, вчера во Швајцарија, на ден по средбата со Доналд Трамп, без да открие други детали.

Целта е да се елиминира опасноста од трговска војна со Вашингтон, а особено постојаната закана на Доналд Трамп да наметне данок од 25 проценти за европските автомобили.

Трансатлантските врски се влошија од доаѓањето на Доналд Трамп, кој го стави американскиот трговски дефицит на врвот на неговиот список со приоритети.

Неименуван европски извор смета дека не станува збор за голем билатерален трговски договор што е технички невозможно да се склучи за неколку недели, но спомнува можност за потпишување на „политичка изјава меѓу Фон дер Лејен и Трамп“, како онаа што беше потпишана во јули 2018 година од Трамп и поранешниот претседател на Европската Комисијата Жан-Клод Јункер.

Фон дер Лејен треба да го посети Вашингтон во наредните недели.

Во 2018 година, САД беа првиот трговски партнер на ЕУ со размена во вредност од 674,1 милијарди евра, а вториот има суфицит од 138 милијарди.

Комесарот за трговија Фил Хоган денеска изјави во Давос дека договорот може да ги опфати технологијата и енергијата. Преговорите ќе траат „недели“ и „месеци“, но „ние зборуваме за 2020 година“, рече тој.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер