Трипуновски обвинува дека Димковски дели земјоделско земјиште спротивно на законот

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски денеска обвини дека министерот Трајан Димковски сака да подели државно земјоделско земјиште на партиски соработници.

Според Трипуновски, во последниот месец и пол распишани се два огласa и четири јавни повици за распределба на државно земјоделско земјиште со кои се предвидува расцепкување на земјоделските парцели меѓу повеќе лица.

– Димковски постапува во спротивност со неколку закони кои го регулираат земјоделското земјиште и Правилникот за избор на најповолен понудувач. Имено, со постапките за доделување земјоделско земјиште, Димковски го крши чл.3 ст.6 од Правилникот, според кој е предвидено дека не може да се дели односно цепи една катастарска парцела. Со цел да го покрие криминалот, Димковски врши измена на Правилникот на 22 јануари, последен ден од завршување на постапките. Истовремено, свесен дека не може да го примени ретроактивно Правилникот, по брза постапка на три дена пред распуштање на Собранието, преку група пратеници предлага и измени во Законот, со кој признава дека постапките му се отпочнати спротивно на законските норми и противуставно бара измената на Законот за земјоделското земјиште да важи ретроактивно, изјави Трипуновски.

Го повика министерот и членовите на комисиите за доделување на земјоделското земјиште да го почитуваат законот и да ја преиспитаат законитоста на спроведените постапки особено на четирите јавни повици. /МИА

Гвир: Хамас го сака Бајден

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на X објави дека „Хамас го сака Бајден“.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир на X објави дека „Хамас го сака Бајден“, еден ден откако американскиот претседател рече дека нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што земјата може употреби за напад на Рафа.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Бајден вчера рече дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел и дека ќе го снабдат со ракетни пресретнувачи Железна купола и друго одбранбено оружје, но не и артилерија и друго оружје и алатки и гранати што биле користени порано, доколку израелските војската „оди“ во Рафа.

Бен Гвир употреби емотикон срце во објавата која се однесува на Бајден и Хамас и инсистира на воен одговор и се закани дека ќе ја напушти владата доколку Израел не почне голема воена операција во Рафа.

- Има само еден одговор на вежбите и игрите на Хамас: итна наредба да се окупира Рафа, напиша Бен Гвир на X.

Италијанката Џорџи ја заврши тениската кариера

Италијанката Камила Џорџи стави крај на својата професионална кариера, на 32 годишна возраст, соопшти денеска Тениската федерација на Италија.

Во текот на кариерата Џорџи освои четири ВТА турнири, од кои најголемиот е оној од серијата Мастерс 1000 во Монтреал во 2021 година.

На грен – слем турнирите најдалеку отиде во Вимблдон во 2018 година, кога играше во четвртфиналето.

Последниот дуел Џорџи го одигра во март годинава на турнирот во Мајами, каде загуби во второто коло од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 1-6, 1-6.

Утре посвежо со повремени врнежи од дожд

 Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Tемпературата ќе достигне до 22 степени.

притисни ентер