Трипуновски: Власта се занимава со политички реваншизам, наместо да ги решава проблемите на земјоделците

Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите  на земјоделците и да го унапредуваат земјоделието.

Продолжува хајката против мене како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кое што вчера ми беше врачено отказно решение од министерството за земјоделие само поради моите спротивставени ставови со власта во делот на погубните политики кои што ги води оваа Влада.

Образложението на власта за мојот отказ е апсурдно, бидејќи со него како што се вели дека како главен наратор на прес-конференциите како претставник на политичката партија сум нанесувал штета на врз угледот на институцијата во која работам и сум ја поткопувал довербата на администрацијата.

Зоран Заев и Љупчо Николовски се занимаваат со политички реваншизам, наместо да ги решаваат проблемите на земјоделците и да го унапредуваат земјоделието.

Земјоделците го фрлаат својот род, поради катастрофално ниските откупни цени. Земјоделците се борат за парче леб додека министерот за земјоделие се шета по светските дестинации и се фали со својата скапа брендирана облека.

На Николовски му се потребни партиски послушници кои ќе ги премолчуваат и ќе замижуваат пред проблемите на земјоделците. Правда за мене, правдата за земјоделците, за граѓаните ќе стигне само кога оваа власта ќе си замине, а кога ќе се случи тоа сите оние кои сега ја промовираат неправдата ќе одговараат за своите постапки.

Реваншизмот на Заев и Николовски нема да ме поколеба уште пожестоко ќе се борам за земјоделците и да ја запознавам јавноста со неправдите кои што ги нанесуваа оваа власт.

Господине Николовски ве повикувам на телевизиска дебата и да ги соочиме аргументите. Знам дека ви е страв, но неможете постојано да бегате. Изберете место изберете време и пред се соберете храброст за ова соочување.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ДИК: Силјановска Давкова 128.185, Пендаровски 62.726

Првични резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 33,10% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 62,34% од гласовите или 128.185 гласови. Стево Пендаровски освоил 62.726 гласови или 30,50%.

Први ДНК резултати во случајот на малата Данка- ниеден резултат од автомобилот не е нејзин

Јавното обвинителство во Заечар ја потврди информацијата дека пристигнале првите ДНК тестови и дека нема биолошки траги на двегодишното девојче Данка Илиќ чие исчезнување на 26 март беше пријавено во Бањско Поље кај Бор.

- Ги добивме првите неколку пријави, само еден дел од трагите што се испитуваат, а се испитуваат и многу предмети. Во добиените резултати од ДНК нема биолошки траги од девојчето - вели Миодраг Цановиќ, обвинител на ВЈТ од Зајечар, пренесе Телеграф.

Тој потврди дека вештаците пронашле околу 500 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП „Водовод“, за кое постои сомневање дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ при извршувањето на кривичното дело, но и дека вештаците пронашле облека. , чевли на осомничените, предмети и алат од нивните домаќинства и траги пронајдени на терен. Вештаци го прегледуваат ГПС уредот од службеното возило „Водовода“ за да ги утврдат параметрите за движење на Драгојевиќ и Јанковиќ на денот на исчезнувањето на девојчето.

Меѓу пријавите добиени во Националниот центар за криминалистичка форензика има и предмети од службеното возило на градски „Водовод“ што го управувал осомничениот на денот на исчезнувањето на девојчето.

- Тоа секако не се сите индиции. Сè уште чекаме да пристигнат другите - вели Цановиќ.

Првични резултати од центарот на ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска 126.678 Пендаровски 51.965

На обработени 12% од избирачките места и 4,43% од гласачите во Македонија, Гордана Силјановска Давскова има огромно водство пред Стево Пендаровски.

Според центарот на ВМРО-ДПМНЕ, на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановкса Давкова досега гласале 126.678 лица, а за кандидатот поддржан од страна на СДСМ, Стево Пендаровски гласале 51.965лица. Регистрирани се и 7555 неважечки ливчиња.

притисни ентер