Тупурковски го прими францускиот амбасадор Тимоние

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, денеска, официјална средба остварија претседателот на МОК, Васил Тупурковски и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, на која станало збор за соработката помеѓу Македонскиот и Францускиот олимписки комитет односно помошта и донациите која македонските спортисти и македонскиот спорт ја добиваат преку МОК.


Како позитивен момент беше истакнато и членството на МОК во Асоцијацијата на Франкофонските Национални олимписки комитети, како и помошта која МОК ја обезбедува за Националните спортски федерации од Македонија, преку француските претседатели на Меѓународните спортски федерации.

Секако, тема на разговор беше и помошта која МОК може да ја обезбеди на градот Париз во насока на добивање на кандидатурата за организација на летните Олимписки игри Париз 2024.

„GENERALKA WEEKEND 2024“

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај.

МенендМаунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и воНационалните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

„Партнерската улога на Пивара Скопјево GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“.Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите“, изјавиСнежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

„Пакомакчетврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија.Совакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина", речеФилип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради GENERALKA WEEKEND беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.

Гордана Софија и ХанесЈекл од МенендМаунтен истакнуваат дека „Сите локации за чистење можете да ги најдете на www.generalka-weekend.com. Споделете ги вашите искуства со нас на https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend и гледајте го целиот настан во живо на YouTube на https://www.youtube.com/@UrbanFM90.8 -

ДА СЕ ИЗВАЛКАМЕ И ДА ИСЧИСТИМЕ!"

Првенства на Македонија во шах: за титулата кај мажите има повеќе кандидати

Кај дамите се издвоија шахистките на ШК Алкалоид.

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое започна викендов, вчера се одигра четвртото коло. И во него како и во претходните имаше помали изненадувања, со што на табелата се издвоија петмина играчи меѓу првите 10 носители како фаворити за конечен триумф.

Во согласност со правилата за парување според швајцарскиот систем, тие сега започнуваат со меѓусебните дуели и низ директни пресметки ќе го дадат конечниот изглед на табелата.

Она што е интересно да се одбележи е тоа дека речиси во секое коло имаше по некој сензационален резултат. Така, во првото коло младинецот на ШК Алкалоид Матеј Бојковски (1697) успеа да го изненади шестиот носител Антон Златков (2257). Меѓу изненадувачките резултати од второто коло треба да се извојат блесоците на ветераните Атанас Ташевски (1955) и Лазо Спасовски (1770), кои во вчерашното четврто коло стигнаа да играат на првата, односно на третата табла. ИМ Емил Ристески (2365), со победата над Спасовски, стигна до максимални 4 бода, додека, пак, ИМ Тони Лазов (2358), по трите победи во низа во четвртото коло, ремизираше со ФМ Андреј Велјаноски (2290) и е веднаш зад него со 3,5 бода. Шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), исто така, има само половина поен помалку од лидерот, откако во третото коло ремизираше со вториот носител ИМ Никола Николовски (2381), а вчера го совлада Дејан Јанков (2165).

Во женска конкуренција се игра посебен турнир со учество на 10 шахистки, кои играат според Бергеровиот систем (секоја против секоја). Паровите беа одредени со ждреб за стартни броеви, па така дел од фаворитките за висок пласман се сретнаа уште во првите рунди.

Во првото коло Жежовска (1868) го доби мечот со Николовска (1905), додека, пак, во второто коло ремизираше со ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Во третото коло Леа Ефтовска (1797) ја совлада Жежовска, па на тој начин внесе неизвесност во борбата за првите позиции. Откако по три кола водечка беше Инџи Ајрадиновска (1809), Леа Ефтовска во четвртото коло ја совлада во директен дуел и го презеде врвот со 3,5 бода. Сепак, идентичен скор има и ЖИМ Габриела Коскоска, која во вчерашното четврто коло имаше лесна победа над младата Смилевска, па така двете дами од ШК Алкалоид се на водечките позиции.

На двата турнира се предвидени по 9 кола, односно со партиите од петтото коло, кои се играат денес, турнирите влегуваат во втората половина. /МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти, подготовките се во завршна фаза, соопшти денеска директорката Весела Честоева, за настанот што се подготвува за во сабота, на меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници ќе творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг, е „Винскиот музеј низ артефактите". Всушност, на лице место, уметниците ќе сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ќе ја следат нивната активност, ќе имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организираме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста ,,Роднокрајци", чии претставници ќе творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Честоева.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа./МИА

притисни ентер