Уапсен монструмот , кој поради чест си ги запалил сопругата , двете деца и уште шест роднини

Полицијата во централниот дел на Пакистан уапси маж за убиство на девет лица, меѓу кои и неговата сопруга и децата, кој потоа ги запалил нивните тела во серија убиства за честа.

Мохамед Аџмал, кој пред неколку дена се вратил од Саудиска Арабија во неговиот роден град Мултан, во провинцијата Пенџаб, се посомневал дека неговата сопруга има љубовна врска, изјави шефот на локалната полиција, Имран Махмуд.

Сопругата била во домот на нејзините родители кога Аџмал, заедно со неговиот татко и брат, отишол во нивната куќа и отворил оган, при што загинале девет лица.

Жената на Аџмал, две деца и шест членови на нејзиното семејство биле убиени. Тогаш напаѓачите ја запалиле куќата.Полицијата го уапси Аџмал и неговиот татко неколку часа по убиството и започнаа рации во потрага по неговиот брат.

Само во 2018 година 800 луѓе, мажи и жени, низ целиот Пакистан биле жртви на т.н. " "злосторства на честа", наведува пакистанската полиција.

Бројот може да изнесува и повеќе од илјада, зашто повеќето случаи не се пријавуваат на полицијата, сметаат во комисијата за човекови права.

Форд запали по 74 години на отпад (ВИДЕО)

Овој Ford Model T запали по 74 години. Може да биде и светски рекорд.

Автомобилот бил во очајна состојба бидејќи никој не го одржувал со години. Корозија го зафатила.

Екипажот во Jennings Motorsports го поправи и тој проработи.

Пред палењето ја снимиле целата процедура за поправка, која не била комплицирана. Сепак, на крајот од ова видео тие не можеле да го возат бидејќи автомобилот се уште имал бројни проблеми.


Бекам се пофали со ново хоби, фановите воодушевени: И кокошките ти се убави (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите.

Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.

„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се шета низ градината со кокошки и петел што го следат, што ги насмеа фановите.

Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија.

Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед.

Богатството на кралот Чарлс III е зголемено за 10 милиони фунти, но премиерот Сунак е побогат

Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголемило за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти.

Како што објави „Дејлимејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.

Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголемил своето богатство благодарение на растот на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а претходно ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.

Таа на тронот помина 70 години и 214 дена. Таа е вториот монарх во светот со најдолго владеење во историјата по францускиот владетел Луј XIV, кој на тронот поминал 72 години и 110 дена.

Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.

притисни ентер