Убавата ќерка на Моника Белучи ги воодушеви сите пред фонтаната Треви во Рим (ФОТО)

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, 18-годишната Дева Касел сѐ повеќе личи на својата мајка.

Иако порасна далеку од очите на јавноста, сега одлучи да тргне по стапките на нејзините родители и да изгради јавна кариера.

Дева се фрли во манекенските води каде станува сѐ поуспешна. Папараците ја фатија во Рим на снимањето на најновата реклама за брендот Dolce&Gabbana. На познатата фонтана ди Треви таа беше фотографирана во краток црн фустан од тантела и црни влечки.

Повеќе од 970 илјади фанови ја следат Дева на Инстаграм. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколку пати ги красеше насловните страници на познатите списанија. Таа пред неколку месеци откри дека засега не планира ништо да учи.

„Во моментов сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија што бара многу време и многу лични инвестиции за совладување.

Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да работам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам, поради што бев многу отворена во различни домени“, изјави таа во интервју за магазинот Glass.

Беше најавено дека ќе глуми во италијанската серија Леопард, која ќе се емитува на Нетфликс. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик Лучино Висконти, кој го освои Златниот лав во 1963 година. Во тој филм глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Берт Ланкастер.

Дева ќе ја игра Анџелика Седара која ја игра Клаудија Кардинале, млада жена од средната класа која станува катализатор за општествените пресврти во епот од шест епизоди, поставен на позадината на социјалната револуција во Сицилија во 1860-тите.

За време на нивниот брак, Моника Белучи и Винсент Касел добија две ќерки Дева и Леони, која сега има 12 години. И Моника ја започна својата кариера како модел, па сѐ почесто Дева ја споредуваат со нејзината мајка.

ОЈО: До затворањето на избирачките места,изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања

Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино.

Од информациите добиени од јавните обвинителства во државава, во ОЈО Кавадарци оформен е предмет по поднесено известување против лице од Неготино кое било пријавено од граѓанин за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од член 160 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавената телефонски се обидела да влијае кај пријавителката да гласа за една политичка партија, напоменувајќи дека е корисник на ИПАРД помош. Предметот е во предистражна постапка и се преземаат дејствија за да се утврди дали постојат елементите на пријавеното кривично дело или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Во ОЈО Кочани примени се известувања од МВР за пријавени настани поврзани со организирано носење на гласачи на избирачко место. Јавен обвинител веднаш даде насоки за проверка и прибирање податоци дали при превозот на каков било начин им се влијаело на гласачите во врска со остварувањето на нивното гласачко право.

Анонимен граѓанин во Ростуше пријавил дека едно лице вршело поткуп на гласачи. ОЈО Гостивар веднаш даде наредби и насоки, беа направени детални проверки, при што наводите не се потврдија со ниту еден доказ.

Освен ова, јавните обвинителства постапуваат и вршат проверки за сите други изолирани настани за кои јавноста претходно беше информирана.

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, сопоштуваат од Обвинителството.

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

притисни ентер