Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

Таравари: До петок конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање на влада, рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.

Советот на Европа постигна договор за вештачката интелигенција

Министерите за надворешни работи на 46 земји на Советот на Европа се договорија за договор за употреба на вештачка интелигенција (ВИ).

„Со овој нов договор сакаме да обезбедиме одговорна употреба на вештачката интелигенција која ги почитува човековите права, владеењето на правото и демократијата“, рече генералниот секретар на Советот, Марија Пејчиновиќ во соопштението за медиумите.

Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција е првиот обврзувачки меѓународен договор за технологијата. Иако е изготвен под покровителство на Советот на Европа, може да го потпишат и други земји.

Меѓу другото, потписниците се согласуваат да создадат одредби во нивните национални закони кои обезбедуваат соодветна транспарентност, надзор и одговорност при користењето на системите за вештачка интелигенција. Тие, исто така, се обврзуваат да обезбедат системите за вештачка интелигенција да не ја дискриминираат неправедно или да ја нарушуваат приватноста на луѓето.

Конвенцијата се разликува од идниот Закон на Европската унија за вештачка интелигенција, иако ЕУ учествуваше во изготвувањето на договорот.

Иако конвенцијата е збир на широки принципи до кои потписниците мора да се придржуваат во нивните национални закони, Законот за вештачка интелигенција е специфична и детална регулатива која се применува во 27 земји на ЕУ.

Министрите на ЕУ се очекува да го одобрат Законот за вештачка интелигенција во вторник.

Советот на Европа и Европската унија се целосно одвоени организации, иако сите 27 земји-членки на ЕУ се меѓу 46-те членки на Советот.

Во изготвувањето на конвенцијата учествуваа 11 земји кои не се членки на Советот: Аргентина, Австралија, Канада, Костарика, Израел, Јапонија, Мексико, Перу, САД, Уругвај и Ватикан.

Црногорски полуматуранти претерале со факелијада - го запалиле покривот на училиштето (ВИДЕО)

Матурантите од подгоричкото основно училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели, јавува порталот РТЦГ.

Директорката на училиштето Ивана Милиќ за ТВЦГ изјави дека околу 9 часот и 50 минути пред училиштето од канцеларијата забележала ученици со факели, пренесе Вијести.

„Излегов и се обидов да ги спречам, но тие фрлаа факели и успеав да ги избркам кон теренот каде што гореа гуми. Кога се свртев, видов дека покривот на училиштето гори и ги извести надлежните институции да реагираат“, рече Милиќ.

Таа рече дека факелијада традиционално се организира како и секоја година во секое училиште.

„Ние како училиште не можеме да го организираме. Би сакале да се слави на некој друг начин. Учениците ги купија приватно. Колку што знам, учествуваа сите ученици од деветто одделение“, додаде Милиќ.

Таа изјавила дека не очекувале факелот да падне на покривот на училиштето.

Се уште не се знае колкава штета е причинета на зградата на основното училиште во Доња Горица, пишува порталот.

„Веројатно ќе бидат санкционирани учениците од деветто одделение. Последен работен ден е, но се уште не ги добиле свидетелствата. Тие се уште се ученици на нашето училиште“, истакна Милиќ.

Таа изјавила дека нема повредени, и дека веднаш ги евакуирале учениците.

Според Здравко Блечиќ, в.д командир на Службата за заштита и спасување изгорел покривниот дел од зградата на првиот кат.

„Штетата е преголема, како што гледате тој дел од покривот ќе треба да се реконструира, но во секој случај најдобро и најважно е што вработените во училиштето ги евакуирале децата и се извлекле од опожарената зона на соодветен начин“, изјави тој за порталот Дан.

Според него, успешно го санирале пожарот во координација со директорот на училиштето и екипата.

Како што рече Блечиќ, пожарот бил локализиран за 10 минути, а сега се работи на санација.

На прашањето на порталот дали пожарот е предизвикан од палење факели, како што пренесуваат дел од црногорските медиуми, тој вели дека не можат да ја потврдат таа информација, но дека екипите на МВР се на терен за да истражат.

притисни ентер