Украински министер: 20 проценти од скривниците не се за користење

Украинскиот министер за внатрешни работи рече дека прегледот на 4.800 засолништа покажал дека приближно 20 отсто се „непогодни за употреба“, а 252 се затворени.

Претседателот Володимир Зеленски нареди целосен преглед откако една жена почина во четвртокот додека се обидуваше да влезе во заклучено засолниште.

Киев Индипендент објави дека градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, ја префрлил одговорноста на Дмитро Ратников, началник на областа Десниански.

Пендаровски во Њујорк на средба со Јури Ким и Џим O'Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.

На средбата се разговараше за текот и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласија дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество, соопштуваат од кабинетот.

Во Јапонија е претставена новата Хонда Акорд (ВИДЕО)

На крајот на 2022 година, Honda премиерно ја претстави новата генерација на седан во Америка и Кина, која Европа нема да ја види.

Штета, бидејќи Акорд отсекогаш имал значителен број верни фанови. Во меѓувреме, Honda го лансираше новиот Accord, кој на домашниот јапонски пазар сега пристигна со препознатлив изглед, но и со нови технологии.

Визуелно идентично со американската верзија, новиот Accord се дистанцира со погонот. Јапонците можат да ја изберат само верзијата e:HEV, што значи дека се работи за хибрид кој само се полни. Комбинира бензински мотор 2.0, два електромотори и CVT менувач. Техничките податоци не се познати, но добро е да се знае дека подеднакво моторизираниот Civic има 184 КС и 315 Nm.

Друг интересен детал е приспособливиот ротирачки прекинувач на централната конзола што ги заменува традиционалните контроли. Honda го нарекува „Experience Selection Dial“ и веќе го нуди на кинеската верзија на моделот. Може да се користи за контрола на аудио системот, климатизацијата, осветлувањето итн.

Да го споменеме и 12,3-инчниот инфозабавен екран со технологија „Google Built-in“ и системот за помош Honda Sensing 360 ADAS од безбедносен аспект.

Првите испораки на моделот се очекуваат на почетокот на следната година.

Зоран Арсовски –Бабата избран за претседател на стручното жири на Меѓународно биенале во Русе

Академскиот современ визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата избран за  претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата” која ќе се одржи во Русе, Бугарија.

На покана од “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, Македонскиот современ академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе биде претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата”. Жирирањето ќе се одржи во периодот од 28 – 30 септември 2023 година во Русе, градот на реката Дунав во Бугарија. Организатори на овој Меѓународен биенален настан на минијатура се “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, од каде најавуваат многу силна конкуренција на веќе пристигнатите уметнички дела на уметници од целиот свет. Ова е еден од најзначајните настани за уметноста на минијатурата, којашто по својата тежина е една од најтешките дисциплини во уметноста бидејки бара многу прецизност и уметничка креативност, која носи силни пораки коишто многу кажуваат на малото сликарско платно. Арсовски во последните неколку години имаше свои самостојни проекти и изложби на минијатури во повеќе држави пред меѓународната јавност кои беа изложени во повеќе познати Уметнички Галерии коишто привлекоа големо внимание и оставија силен впечаток на пошироката јавност. За творештвото на Арсовски се напишани бројни рецензии и уметнички критики од страна на стручните домашни и странски историчари на уметноста, кои го следат неговиот уметнички пат и го препознаваат преку многубројните современи, концептуални изложби преку кои тој ги пренесува неговите пораки кои живеат на уметничкото платно, со оригинален и препознатлив сопствен стил. Тој досега има реализирано 15 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство.

За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи, се наведува во соопштението од уметникот.

притисни ентер