Ултима РС , болид со мотор на Корвета и сила од 1 200 коњски сили (ФОТО)

Ултима веќе со години составува автомобили за посебен тип на возачи , кои не сакаат возила осд сериско производство.

Британската мала компанија на фестивалот на брзината во Гудвуд се претстави со Ултима РС , нов модел што ќе се нуди во неколку варијанти. првата е со V8 мотор од Шевролет со најмалку 480 Кс .

Потоа следува моторот со 650 Кс од Корвета З06 , а врв е моторот 6.2 од ЗР1 со 800 Кс , но тука не е крајот , зашто најсилниот може да достигне , со мали преправки и до 1 200 Кс.

Станува збор за автомобил кој со сите конфигурации тежи нешто помналку од еден тон. Затоа не треба да зачудува што бнајслабата конфигурација стигнува до 160 км/час за 6,2 секунди и не се предава до 290 км/час.

Појаките, пак,се како ракета , па така ЛТ5 од 800 Кс стигнува до 96 км/час за 2,3 секунди и вози со брзина и од над 400км/час.

За најсилната изведба не се објавени перформансите , па ниту цената. Производителот вели дека е на ново на БМВ М3.

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

 Во реката Вардар во близина на место викано „Јаниташ“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес вчераутро во 8:30 часот пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, телото на починатиот било извадено од реката од полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Анчелоти ќе го има на располагање Куртоа за најважните натпревари

Тибо Куртоа ќе се врати на теренот пред крајот на тековната сезона, објави „Relevo“би можел да се врати на теренот терените оваа сезона.

Белгискиот голман нема играно од август поради скинати вкрстени лигаменти на колено и повреда на менискусот.

Во Реал Мадрид веруваат дека 31-годишниот голман ќе учествува во најважните натпревари оваа сезона.

Забележано е дека клубот ја цени и играта на Андреј Лунин, кој „ги надмина сите очекувања“. Сепак, во Реал признаваат дека Украинецот се уште не е на нивото на Белгиецот. Тоа се изразува во неговото влијание врз одбранбените играчи и акциите при слободните удари.

По првиот натпревар со Баерн, стручниот штаб на Реал Мадрид му замери на Лунин за некои грешки - на пример, во епизодата со голот на Лерој Сане.

Реал води во Ла Лига со 84 бода по 33 кола. Шпанците ќе го одиграат реваншот со Баерн во Лигата на шампионите на 8 мај. /МИА

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

„Овој терор може да се запре само со сила - силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели. /МИА

притисни ентер