Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на одлуката за референдум

Уставен ја отфрли иницијативата за неуставност и незаконитост на референдумот закажан за 30 септември.

Седуммина од судиите не гледаат прекршување на уставните одредби во одлуката за распишување на референдумот, наспроти предлогот на судијката известител за иницијативата Елена Гошева, која во своето излагање на почетокот на седницата, побара поведување постапка за одлуката, изрекување времена мерка и запирање на сите референдумски активности. Гошева во рефератот ја оспори формата на референдумот, формулирањето на прашањето, оценувајќи го договорот со Грција за ништовен.

- Во одлуката не е наведен целиот назив на спогодбата со Грција, никаде не е наведено дека се менува името на државата во Република Северна Македонија. Референдумското прашањето е непрецизно, збунувачко, нејасно и сугестивно. Станува збор за три прашања за кои има осум можни одговори и треба да има три посебни гласачки ливчиња. Договорот е неуставен и министерот Димитров нема мандат да склучува вакви договори“, наведе меѓудругото судијката Гошева во своето излагање.

Одлуката за распишување на референдумот за противуставна ја смета и судијата Јован Јосифовски, поради немањето на прецизен назив и нејасното и двосмислено референдумско прашање. Останатите уставни судии со став дека одлуката донесена со мнозинство гласови во Собранието ги содржи сите потребни елементи и се за основа на државни интереси, прашањето е јасно формулирано а видот на референдумот прецизно наведен.

- Наводите во иницијативата се неосновани, а предлогот на Гошева неприфатлив. Можеби некои прашања во иницијативата оправдано создаваат некои правни дилеми, но надлежноста на Уставен е да ја оцени одлуката, која е донесена согласно Уставот, рече претседателот на Уставен, Никола Ивановски.

Одлуката на судот за подносителите на иницијативата е неприфатлива и дека

со нејзиното донесување Уставните судии ја погребале Правната држава.

Додека траеше седницата, Уставниот суд беше под засилено полициско обезбедување, а пред објектот можеа да се забележат и неколкумина демонстранти.

Челси сака да го врати менаџерот кој му ја донесе последната титула во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Челси наводно испратил исклучително примамлива понуда до Антонио Конте со надеж дека ќе го убеди да се врати на „Стемфорд Бриџ“ за да го замени Маурисио Покетино, пренесуваат италијанските медиуми.

„Сините“ се во исклучително тешка позиција. Тие го заземаат деветтото место и немаат шанси да фатат чекор за учество во Лигата на шампионите. Единствено што можат да обезбедат до крајот на сезоната е евентуално учество во Конференциската лига. Затоа менаџментот размислува за раскинување на соработката со Аргентинецот.

Една од целите на Челси беше Тиаго Мота, кој сезонава бележи фантастични резултати со Болоња. Сепак, се верува дека Италијанецот е многу поблиску до останување во Италија и клупата на Јувентус отколку до заминување во Премиер лигата.

„Ла Република“ објави дека лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран за враќање на Конте. Италијанецот им ја донесе последната титула во Премиер лигата на „сините“ и управата верува дека би можел да го повтори тој успех.

Сепак, Конте е желба и на Милан и Наполи. Искусниот стратег е без работа во март 2023 година кога ја напушти клупата на Тотенхем. Во моментот на неговото заминување, „мамузите“ беа елиминирани од ФА Купот и Лигата на шампионите, додека беа на четвртата позиција во англискиот шампионат. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

притисни ентер