Утре почнува 10. „Баскерфест“

Годинашново 10. издание на првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија „Баскерфест“ ќе почне утре, на плоштадот „Филип Втори“. Фестивалот ќе трае до 13 јули, низ 14 градови во Македонија.

На денешната прес-конференција детали за фестивалот соопштија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, Пане Темов и Тина Мицковска од организаторот „Темов“ и Катерина–Хаџи Ангелеска, претставник од „Пивара“ - Скопје.

- За време на викендите ќе има две бини, а во работните денови три, каде уличните уметници ќе ги изведуваат своите точки во текот на денот. Во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи од странство и од Македонија, рече Трајановски.
Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје, за што се одвоени 900 илјади денари.

За оваа година најавено е учество на околу 100 баскер-изведувачи од целиот свет. Покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во пивската градина. Жонглери, брејкденсери, куклен театар, одење по жица и перформанси со оган се само дел од програмата на годинашниов театар на отворено „Баскерфест 2015“.

Годинава новитет е тоа што првпат секојдневно ќе има и детска креативна работилница каде најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со баскер изведувачите и да се едуцираат.

- Со текот на овие 10 години, овој фестивал стана препознатлив бренд за нашиот главен град и еден од најуспешните културно-забавни проекти поддржани од Град Скопје. Ги повикувам граѓаните на дојдат и да се забавуват на отворено, изјави Трајановски.

Пане Темов по повод 10. роденден најави голем број изненадувања за присутните и артисти од Чиле, САД, Куба, Албанија Србија, односно учесници од 23 земји.

Мицковска ги повика граѓаните да дојдат и да ги посетат детските креативни работилници, настапите на артистите од 18 до 22 часот, како и пивската градина која ќе понуди забава до еден часот по полноќ во текот на неделата, а до два часот по полноќ за време на викендите.

Хаџи Ангелеска истакна дека ги поддржуваат настаните кои се со интересна и едукативна содржина, каква што има „Баскерфест“.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер