Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Брутална улична тепачка и пукотница меѓу групи руски ветерани од војната во Украина (ВИДЕО)

Руските власти започнаа истрага по масовна улична тепачка и пукање во градот Челјабинск за време на викендот, во која наводно биле вмешани ветерани од војната во Украина.

На видеото објавено од локалните медиуми се гледа како група мажи, од кои некои биле маскирани, тепаат маж кој лежи на улица со тапи предмети.

Неколку моменти подоцна, друга група мажи облечени во црно со два автомобили притрчала на местото на настанот и почнала да пука кон првата група, по што побегнале во непознат правец.

Уапсени се сите кои учествувале во конфликтот – соопштија властите.

Засега не се знае колку лица се приведени.

Апликацијата за пораки Телеграм вели дека само тројца мажи се уапсени, од кои еден малолетник.

Рускиот истражен комитет, кој вообичаено се занимава со големи злосторства, објави доцна во неделата дека тепачката и пукањето се истражуваат како кривично дело за хулиганство, пишува Москва тајмс.

- Оние кои учествуваа во конфликтот отворија оган врз противниците од лично непријателство - соопштено е, но без да се наведе точната причина за спорот, пренесе Јутарњи.

Според некои информации, постои сомневање дека уличната тепачка најверојатно избила поради љубовен триаголник во кој учествувале жена, војник и член на платеничката група на Вагнер. Како што пренесуваат локални медиуми, инцидентот се случил откако борецот на Вагнер и неговата девојка наводно биле нападнати од непозната група мажи.

Засега не е можно независно да се проверат информациите дека сите уапсени се членови на групата Вагнер, која одигра клучна улога во руската инвазија на Украина пред минатото лето да биде потресена од бунт и смртта на нејзиниот основач, Евгениј Пригожин. .

Пронајдена е мајката на новороденчето фрлено во ранец на карпи во Италија- има само 13 години

Италијанските власти ја пронајдоа мајката на новороденчето кое беше пронајдено мртво во ранец на карпи во Вила Сан Џовани со папочната врвца сè уште непресечена.

Ова ужасно откритие рибар го нашол во неделата околу 9 часот наутро меѓу карпите во пределот помеѓу прстаништето на бродска компанија за Сицилија и пристаништето Пецо. Бебето било во ранец, завиткано во најлонска кеса, пренесуваат италијанските медиуми.

Карабинерите успеале да ја пронајдат мајката на бебето. Станува збор за 13-годишно девојче од италијанска националност.

Девојчето било идентификувано во домот на нејзините родители во Вила Сан Џовани. Веднаш била пренесена во болница и хоспитализирана поради септикемија, резултат на породувањето минатиот викенд во околности што ги истражуваат инспекторите.

Инспекторите засега не соопштуваат повеќе детали за случајот.

Денеска треба да се изврши обдукција на новороденчето. Истражителите сакаат да знаат дали бебето е мртво родено или починало подоцна.

Се работи и на реконструкција на целиот настан, за да се откријат сите детали и дали некој друг е вмешан во случајот.

Скутерот со кој францускиот претседател Оланд одеше кај љубовницата е продаден за 20.000 евра

Скутерот на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд е продаден на аукција за повеќе од 20.000 евра, што е двојно повеќе од почетната цена и многукратно од вредноста на користениот, објави денеска Гардијан.

Скутерот во неделата го купил колекционер на „престижни“ и историски возила.

Скутерот стана познат по скандалот кога Оланд беше снимен како го вози ноќе додека ја посетува својата љубовница Зила Гаја во 2014 година.

Фотографиите беа објавени во магазинот Closer.

Оланд тогаш објави дека неговата врска со неговата партнерка, новинарката Валери Триервејле е завршена, но одлучи да не се кандидира за реизбор во 2017 година и се ожени со Гаја во 2022 година.

притисни ентер