Утринска уметничка акција во Скопје: Озбек Ајваз претстави две скулптури

 Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети.

Во утринските часови во центарот на Скопје, младиот уметник Озбек Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети и санитарни услови.

Недостигот од пристап на основни хигиенски услови ги изложува луѓето на ризик од контакт со различни патогени бактерии кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Недостигот на пристап до чиста вода, хигиенски средства и други санитарни хигиенски услови може да го зголеми ширењето на бактерии како клебсиела и протеус мирабилис да резултира со зголемен број на здравствени проблеми во заедницата.

Во близина на ТЦ „Буњаковец“, е прикажана бактеријата Klebsiella, која има потенцијал да биде сериозна опасност на ширење на зараза. Клебсиелата е патогена бактерија која може да предизвика различни видови на инфекции, вклучувајќи уринарни инфекции, пневмонија и инфекции на крвотокот.

Втората скулптура, која ја претставува бактеријата Proteus mirabilis е изложена во Градскиот парк кај фонтаната Лотус. Таа исто како и другата бактерија, е лесно пренослива и може да предизвика голем број на инфексции кај луѓето.

За подобра заштита, есенцијално е да се обезбедат пристојни јавни тоалети, особено на јавни места како паркови, улици и трговски центри. Проширувањето на пристапот до хигиенски услови не само што го подобрува здравствениот статус на заедницата, туку и спречува ширење на заболувања и компромитирање на квалитетот на јавното здравје.

Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопштија од АМСМ.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Мртов кит, најден на брегот на Виетнам, е погребан со традиционална церемонија

На брегот на крајбрежниот град Диен Хунг во Виетнам денеска бил пронајден труп на кит во фаза на распаѓање, долг девет метри, тежок повеќе од 10 тони.

Локалните власти и рибарите истиот ден го извадиле и закопале мртвото животно во согласност со обичаите и традициите на виетнамското крајбрежје, пренесе виетнамската агенција ВНА.

Крајбрежните Виетнамци веруваат дека китот е свето животно кое им помага на рибарите на море.

Поради ова, тие често ги спасуваат овие животни и ги погребуваат мртвите со традиционална, свечена церемонија.

Почина човекот, кој прв во светот доби генетски модификуван бубрег од свиња

Првиот примател на генетски конструиран свински бубрег почина речиси два месеци по операцијата, соопштија неговото семејство и болницата што ја изврши операцијата.

Ричард Слејман (62) беше подложен на трансплантација на бубрег во Општата болница во Масачусетс во март оваа година, а хирургот предвиде дека свинскиот бубрег ќе функционира најмалку две години, пренесува АП.

Тимот од Општата болница во Масачусетс, вклучен во трансплантацијата, рече дека е „длабоко тажен“ поради смртта на Слејман и му изрази сочувство на неговото семејство, велејќи дека немаат индикации дека пациентот починал како резултат на трансплантацијата.

Рик Слејман од Вејмут, Масачусетс, бил првиот жив човек кој бил подложен на ваква хируршка процедура.

Претходно, свински бубрези биле привремено трансплантирани на донатори на органи со мозочна смрт, а двајца мажи добиле трансплантација на свински срца, но и двајцата умреле за неколку месеци.

Слејман имаше трансплантација на бубрег во 2018 година, но од минатата година повторно бил на дијализа кога трансплантираниот орган почнал да откажува. Поради ова, лекарите му предложиле да направи трансплантација со бубрег од свиња.

притисни ентер