Ужас: Млада мајка си ги убила трите деца и себе си, на ѕидот оставила порака

Фиона Андерсон, 23 годишна мајка на 3 деца, бремена со четврто, ги убила децата а пред да се фрли од висококатницата во Сафолк, на ѕидовите во станот оставила пораки!

Фиона, убедена дека сопругот ја оставил за друга жена, на 15 април ги убила своите три мали деца на возраст од 3 и 2 години и 11 месеци и се фрлила од прозорец убивајќи го четвртото дете со кое била во осмиот месец на бременоста, и себе си.

Пред да се убие, на ѕидовите оставила пораки на кои опишува дека децата изглдаат мирни и спокојни, бара со нив да ги закопаат нивните мечиња и неа да ја погребаат со нив, да ги чува!

Очајни, родителите на Фиона раскажуваат дека таа од 10 годишна возраст имала биполарно пореметување но лекарите не го откриле, велеле дека не и е ништо бидејќи успевала да го сокрие.Тие побараа помош од Мирор, весникот кој ја објави трагичната приказна, да им помогне да апелираат мајката да биде погребана со децата.


The writings of Fiona Anderson on the wall


Но таткото не се согласува.

Тој ја напуштил Фиона неколку дена пред трагедијата и се преселил во друг град. Фиона се обратила до социјалните служби и стравувала дека децата ќе и бидат одземени. Никој не може да замисли што и се случувало во главата на оваа млада жена пред да им ги одземе животите на сопствените деца - ишува Мирор пренесувајќи ја оваа потресна трагична приказна.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер