Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

 Русија ќе го заплени имот на трите европски банки „Дојче банк“ (Deutsche Bank), „Комерцбанк“ (Komercbank) и „УниКредит“ (UniCredit). Тие ќе останат без речиси една милијарда евра имот во Русија.

Како официјална причина за заплената на имотот на трите банки се наведува тоа што се повлекле од финансирањето на постројка за преработка на гас во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичко Море.

Според судските документи во Санкт Петербург, на „Дојче банк“ и се одземаат хартии од вредност, недвижен имот и средства во износ до 238 милиони евра, вклучувајќи го и имотот на банката и нејзината филијала во Русија.

Додека на „Комерцбанк“ и е запленет имот во вредност од 93,7 милиони евра, хартии од вредност и зградата на банката во центарот на Москва.

Додека на „УниКредит“ запленет и е имот во висина од 463 милиони евра.

Постројката за преработка на гас не се изгради поради санкциите од западните земји кон Русија воведени поради војната против Украина. Како одговор на санкциите Русија заплени имот на голем број западни компании и инсталираше нов менаџмент во руските подружници.

Компаниите кои се повлекуваат од Русија се принудени да ги продаваат своите деловни проекти на руски компании по драстично ниски цени. Често за нив симболично се плаќа само една рубља. /МИА

Во живо

последно ажурирање пред 10 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 10 минути18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 10 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Заврши истрагата за сите инволвирани во убиствата на Вања и Панче, освен за Палчо

Истрагата за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски е завршена за сите осомничени освен за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо.

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се осомничени за кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски осомничен за помагање при грабнување и уште едно лице осомничено за помагање по извршеното кривично дело, го добиле известувањето од обвинителството за завршена истрага. За нив тече рокот од 15 дена во кои можат да предлагаат дополнителни докази или сослушувања на сведоци.

За Палевски се уште се преземаат истражни дејствија. Откако беше екстрадиран во земјава, тој првин треба да даде исказ. Кога тоа ќе се случи нема прецизна информација.

-Минатата недела информиравме дека финишира истрагата за притворените, но не и за екстрадираното лице. Осомничениот допрва ќе дава исказ и за него се уште се преземаат истражни дејствија,велат кратко од скопското обвинителство.

Засега е извесно дека во текот на следната недела Палевски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд за да се изјасни за притворот кој му беше определен во отсуство.

Од она што засега е познато и како информација беше споделено со јавноста од страна на истражните органи, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата. Сознанијата за нејзиното излегување ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ставиле во автомобил, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда каде е извршено убиството. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители кои на 6 декември беа уапсени признаа вина.

притисни ентер