Ужас во Русија:Болниците се преполни, нема место ниту во мртовечниците(ВИДЕО)

На видеата што се шират на социјалните мрежи се гледаат преполните  болници во Русија и покажуваат дека нивниот здравствен систем е преоптоварен.

„Вака изгледаат нашите ноќи: застрашувачки“, вели еден машки глас на една снимка, додавајќи дека уште двајца починале на неговиот оддел. Ова видео на Си-Ен-Ен му го дал рускиот медицински синдикат поврзан со опозицијата. Тие наведуваат дека овие сцени биле снимени во средината на октомври од страна на член на болничкиот персонал во градот Улјановск.

Другите снимки добиени во Си-Ен-Ен, исто така, покажуваат застрашувачки услови во пренатрупаните објекти. Некои мртовечници се толку полни што телата на мртвите се наредени едни врз други на подот.

Ваквите сцени покажуваат дека вистинскиот број на смртни случаи во таа земја е далеку поголем отколку што сугерираат официјалните податоци, велат во CNN.

Руските власти соопштија дека повеќе од 33.000 луѓе починале од ковид-19 во земјата до вчера, но критичарите ги оспоруваат овие бројки.

„Мислам дека реалната бројка е околу 130 000“, рече Алексеј Ракша, поранешен статистичар на руската влада, кој ги темели своите проценки на официјалните податоци за вишокот смртни случаи или бројот на смртни случаи што е над она што нормално се очекува во одреден период.

Ракша проценува дека од април до ноември во Русија имало околу 160.000 -170.000 вишок смртни случаи. Според резултатите од статистичките анализи објавени од други земји, тој припишувал 80% од овие смртни случаи на ковид-19.

Имено, руската статистичка агенција Ростат наведува дека помеѓу април и септември 2020 година, Русија имала приближно 117 000 смртни случаи повеќе во споредба со минатата година. Според официјалните податоци, 21.000 луѓе починале од коронавирус во тој период.

Ростат сè уште нема објавено официјални податоци за октомври и ноември, но според официјалните извештаи објавени од Националниот центар за коронавирус, пандемијата се интензивира во тој период.

Ракша рече дека го напуштил Ростат во јули откако јавно проговорил за начинот на кој агенцијата ги брои смртните случаи од ковид-19. Тој верува дека неговите пресметки и официјалните податоци се разликуваат поради начинот на кој Русија ги класифицира жртвите на коронавирус.

Минатиот месец, руската влада признала дека има зголемен обем на работа во здравствените установи, а вицепремиерката Татјана Голикова рече дека повеќе од 95% од болничките легла се пополнети во петте најранливи региони.

Возач на брза помош во регионот Саратов, кој сакал да остане анонимен, за Си-Ен-Ен изјавил дека неговата болница одбива да прима пациенти со потешки симптоми.

"Лекарите дури одбиваат да примат постари пациенти кои имаат потешкотии со дишењето. Ним им е кажано дека не треба да бидат хоспитализирани, но вистинската причина е што нема доволно простор на одделот", рече тој.

На едно од видеата за ситуацијата во Русија, до кое дојде Си-Ен-Ен, во мртовечницата се слуша машки глас кој вели: "Едвај најдовме место. Изгледа како во хорор филм".


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер