Вархеји оптимист дека Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е оптимист дека Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите потребни за зачленување во Европската Унија.

– Двете земји не се откажуваат од реформите… и ќе видите дека тие ќе испорачаат, и ако го сторат тоа, можете да бидете уверени дека ќе има отворање преговори, рече Вархеји, додавајќи дека е многу охрабрен од посетата на Македонија и Албанија минатиот месец.

Нагласи дека „се нуди членство, ништо друго".

Коментарите на Вархеји доаѓаат откако францускиот претседател Емануел Макрон, кој во октомври го блокираше отпочнувањето преговори со Скопје и Тирана, минатата недела рече дека има волја да даде зелено светло за двете балкански земји да почнат преговори, доколку извештаите на ЕК, што се очекуваат во првите денови на март, се позитивни за овие две земји.

Вархеји во почетокот на овој месец предложи на земјите-членки на ЕУ да им се даде можнсот да го одложат или да го вратат процесот на пристапување или да ги принудат земјите кандидати повторно да ги почнат преговорите во одредени политички области. /МИА

Претседателот на ПСЖ на прашањето за Енрике: Чекај, дали сте сериозни?

ПСЖ повторно не успеа да ја освои Лигата на шампионите.

Поточно да игра во мечот за европската титула. Неверојатно несреќно беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд со вкупен резултат 0:2. За возврат шутираше 31 пат кон голот, во полуфиналните мечеви рекордно 6 пати ја погоди стативата и гредата, но не можеше да постигне гол. Затоа оваа сезона останува само со титулата во Франција, која долго време се сметаше за рутина за ПСЖ.

Сезонава домашното првенство го освои со новиот тренер Луис Енрике. Со неговото доаѓање се промени и филозофијата на клубот. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусира на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.

Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер ал Хелаифи полуде на прашањето на новинарите по испаѓањето од Борусија каква е иднината на Енрике во клубот. „Чекај, сериозно ме праша ли за тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. "

ДИК: До 17 часот на претседателските избори гласале 42.32%, на парламентарните 46,93%

Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66.47%, а најмала во Липково со6,48%.

Најголема излезност на парламентарните избори има во Кривогаштани 79,73%, најмала во Маврово Ростуше е најмала со 22,32% , објави претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Пропалестински протести пред Универзитетот во Амстердам, студентите прават барикади (ВИДЕО)

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот.

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот, и рекоа дека ќе останат таму додека институциите не ги пресечат сите врски со Израел.

Интервентната полиција вчера употреби булдожер за да ги сруши барикадите на друг универзитет во Амстердам и приведе 169 лица, но беше речено дека универзитетот се уште не побарал слична интервенција денеска.

На овој начин студентите во главниот холандски град се приклучуваат на бранот протести и студентски акции на нивните колеги на универзитетите низ Европа, кои се насочени против израелската војна во Газа. Нивните акции уследија по поголемите немири што ги започнаа американските студенти на тамошните универзитети.

Демонстрантите сметаат дека израелските институции со кои соработува универзитетот профитираат од репресијата врз Палестинците.

Универзитетот во Амстердам во понеделникот објави дека програмите за размена со три израелски универзитети се суспендирани поради безбедносни причини. Покрај размената на студенти, универзитетот редовно соработува со израелски научници или компании на осум различни европски истражувачки проекти. Во соопштението се вели дека ниту една од овие соработки не поддржува воени цели.

Полицијата вчера ги растера протестите организирани на швајцарскиот универзитет во Цирих и пред зградата на берлинскиот Freie Universitaet.

Минатата недела полицијата спроведе слична акција на Сорбона во Париз, а во среда Универзитетот во Брисел најави дека ќе ги пријави во полиција сите студенти кои учествуваа во насилниот протест, како и во нападот на претседателот на Еврејскиот студентски сојуз.

Ирскиот колеџ Тринити Даблин (ТЦД) неделава објави дека ќе се повлече од инвестициите на израелските компании поврзани со Обединетите нации со населбите во окупираните палестински територии по студентскиот протест организиран поради војната во Газа.

притисни ентер