ВЕГАНСКИ АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ

Рецепт на ДРАГАНА ВЕЛКОВСКА

Потребни состојки: 1 и ½ шолја пекарско брашно тип 550, 1 пакетче прашок за печиво, 1 шолја органско соја млеко, 1 лажица јаболков оцет, 2 лажици мелено ленено семе, малку хималајска сол, 2 лажици нерафиниран кафеав шеќер, 1 пакетче ванилин шеќер, ½ шолја вода, 2-3 лажици масло, малку крем од индиски ореви, малку цимет, малку јаворов сируп, прстофат пименто и овошје по желба.

Постапка:

Во брашното се додава прашок за печиво и заедно се просејуваат во подлабок сад.

Во шолја со органско соја млеко се става 1 лажица јаболков оцет и се промешува.

Се додаваат 2 лажици мелено ленено семе зачинето се прстофат пименто и се промешува.

Просеаното брашно се зачинува со малку хималајска сол и се додава нерафиниран кафеав шеќер и ванилин шеќер.

Смесата од шолјата се додава во поголемиот сад и со вилјушка се матат состојките.

Се додава вода и се продолжува со матењето се додека не се добие погуста смеса.

При крај се додава малку цимет и 2-3 лажици масло.

Палачинките се печат од двете страни на загреана тава или паланчикара со малку масло.

Печените палачинки се декорираат со крем од индиски ореви, овошје по желба и јаворов сируп.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер