Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите поради нивните овошни вкусови, но кои ги загрижуваат лекарите и здравствените власти, соопшти денеска владата во Лондон.

Забраната е дел од поширокиот план за борба против пушењето кој минатата есен го објави британскиот премиер Риши Сунак.

- Еден од најзагрижувачките трендови во моментов е порастот на употребата на електронски цигари кај младите и затоа треба да дејствуваме пред таа да стане ендемична, нагласи Сунак.

Според официјалните бројки, меѓу младите од 11 до 17 години, употребата на електронски цигари за еднократна употреба за две години е зголемена за девет пати.

Потрошувачката на овие производи за еднократна употреба е „клучен фактор за алармантно зголемување“ на бројот на млади кои користат електронски цигари, соопшти британската влада, укажувајќи на „непознатите“ долгорочни ефекти од вдишувањето на чадот.

Британската министерка за здравство Викторија Аткинс (Викторија) рече дека забраната ќе стапи во сила на почетокот на следната година.

Покрај забраната за е-цигари за еднократна употреба, британските власти ќе го намалат бројот на вкусови дозволени за класичните електронски цигари, ќе го направат нивното пакување помалку привлечно и ќе го регулираат начинот на кој овие производи се претставени во продавниците за да бидат помалку видливи за помладите потрошувачи. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер