Околу 59 милиони вработени жени во САД се занимаваат со професии кои се загрозени од автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, пренесува Cи-Ен-Ен.
Вработените мажи се исто така изложени на овој ризик, но во помала мерка, бидејќи напредокот на вештачката интелигенција е потенцијална закана за 58 отсто од машката работна сила.
Според мајските податоци на американското Министерство за труд, учеството на жените на возраст меѓу 25 и 54 години на пазарот на труд во САД било на ниво од 77,6 отсто, што е највисоко во историјата.
Главниот автор на гореспоменатото истражување, Марк Мекнили, наведува дека жените се најприсутни во областите како канцелариски и административни работни места, во здравството, образованието, услугите за социјална заштита или библиотекарството. Според него, развојот на вештачката интелигенција не секогаш значи дека некој автоматски ќе ја изгуби работата.