Вестрбрук во стилот на Џордан, трипл-дабл и 49 поени

Кошаркарот на Оклахома Сити Расел Вестбрук постигна 49 поени со трипл-дабл ефект во победата на неговиот тим против Филаделфија со 123:118 остварена по продолжение.

Покрај 49 пени, Вестбрук забележа 16 скокови и 10 асистенции.

Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска:

Индијана - Њујорк 105:82,
Орландо - Феникс 100:105,
Бостон - Јута 85:84,
Бруклин - Шарлот 91:115,
Торонто - Кливленд 112:120,
Хјустон - Мемфис 100:102,
Минесота - Денвер 85:100,
Њу Орлеанс - Детроит 88:85,
Оклахома Сити - Филадефија 123:118 (продолжение),
Мајами - ЛА Лејкерс 100:94,
Сан Антонио - Сакраменто 112:85,
Голден Стејт - Милвоки 102:93,
ЛА Клиперс - Портланд 93:98.

Пласман Источна конференција: Атланта 48-12 (победи-порази), Торонто 38-23, Чикаго 38-23, Кливленд 39-24, Вашингтон 34-27, Милвоки 32-29, Мајами 27-33, Шарлот 26-33,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 47-12, Мемфис 43-17, Портланд 40-19, Хјустон 41-20, ЛА Клиперс 40-22, Далас 40-22, Сан Антонио 37-23, Оклахома Сити 34-27,...

Швајцарија објави дека во оваа фаза Русија не е поканета на мировните преговори за Украина

Швајцарската влада денеска соопшти дека „во оваа фаза“ Русија не е поканета да учествува во разговорите за постигнување мировен договор меѓу Москва и Украина, што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.

-Швајцарија е убедена дека Русија треба да биде вклучена во овој процес, се вели во соопштението на владата во Берн.

Се додава дека мировниот процес без Русија е невозможен. /МИА

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

притисни ентер