Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на ковид-протоколите

Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. 

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, поради пандемијата со коронавирусот, годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на Ковид-19, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото".

Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала", Перо Тешиноски вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото".

– Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото, изјави Тешиноски.

На синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.

Од василичарското друштво „Горна маала" велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер