Видео: Чудо на архитектурата, најдолгиот тунел под вода на светот

За изградбата на најдолгиот  железнички тунел под вода на светот, кој откако ќе биде завршен ќе ги поврзе главните градови на Финска и Естонија се собрани средства во износ од 15 милијарди евра, јави агенцијата „Блумберг“ од Њујорк.

Собраните финансиски средства кои ги обезбедил кинескиот фонд „Тачстоун капитал“ ќе ги покријат целокупните трошоци за изведување на проектот, соопшти компанијата која го проектирала тунелот „ Fajnest bej area divelopment".

Планираниот подводен тунел од Талин до Хелсинки ќе биде долг 100 километри , а ќе бидат изградени и најмалку едно вештачко острово, изјави креаторот на овој проект Петер Вестербачка.

Владите на Финска и Естонија ветиле дека ќе се обидат да добиеја дел од средствата за изградба на овој тунел и од Европската унија, со што би се намалил уделот на неопходни приватни инвестиции.

Иако изградбата на тунелот се уште не е започната, од декември лани веќе се продаваат карти за возење со возот кој ќе патува низ овој тунел. Цената на карта за во еден правец изнесува 50 евра, а годишна карта се продава по цена од 1000 долари, пренесува Раша тудеј.

Според проценките изградбата на овој тунел би требало да стартува во 2024 година.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер