Видео- Фото: Масовна тепачка на белградското дерби Партизан - Црвена Звезда

Големото 156-то дерби меѓу „лутите“ белградски ривали Партизан и Црвена Звезда, кое заврши без победник 1-1, мина во знакот на масовните тепачки на трибините каде се наоѓаа симпатизерите на црно-белите.

До инцидентот дојде во моментот кога околу 50-тина навивачи на Црвена Звезда почнале да ги кинат транспарентите на „Гробарите“, при што навивачите на Партизан веднаш физички се пресметале со „Делиите“.

Како што информираат српските медиуми, во тепачката настрадале повеќе „Гробари“, кои биле спасувани од специјалната полиција, а дел од нив покрај тоа што биле претепани и соблечени до гола кожа, имале и изгореници од запалените факели. Има повеќе сериозно повредени, а најмалку едно момче е во животна опасност.

Во големата тепачка што се случи синоќа на фудбалски натпревар меѓу Партизан и Црвената ѕвезда во Белград повреди се околу 20 лица.
Еден од повредените е транспортирано во свесна состојба со повреди на главата на Одделот за неврохирургија при Воено-медицинската академија, пренесува српската новинска агенцијата „Танјуг“.

На лице место интервенирале девет екипи на Итната помош, од нив четири биле присутни на натпреварот, а пет дополнително испратени.

СДСМ: Не смееме да дозволиме да се повтори 27 април

27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори.

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ.

Вооружени насилници на 27 април 2017 година, поттикнати од ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во парламентот, да го загрозат уставниот поредок, ја доведоа државата пред амбис, на раб на граѓанска војна.

Сеќавањата на крвавите лица на пратениците, нападнати со шипки и столици, влечењето за коса, дивеењето на насилниците, кои кршеа и уништуваа се пред себе во храмот на демократијата, се свежи и по седум години.

Насилниците поддршка имаа и од Христијан Мицкоски, кој тој ден беше пред македонското собрание.

Наместо извинување и осуда, Мицкоски стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.

Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Тоа е истата партија која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори.

Со глас за СДСМ и Коалицијата на 8 мај граѓаните гласаат за слобода, демократија и европски вредности.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

притисни ентер