Видео: Куче и фока во прегратка!!

На секого од време на време му е потребен пријател и секако прегратка со него.

Пријателска прегратка му беше потребна и на еден златен ретривер.

Една слатка фока неочекувано стана голем пријател со еден ретривер. Фоката му пријде на легнатото куче и го прегрна како вистински долгогодишен пријател.



Сингапурската полиција уапси 319 измамници- во 1100 измами зеле 6,6 милиони долари од жртвите

Сингапурската полиција уапси 319 осомничени за измама за време на операцијата што се одвивала од 26 април до 9 мај, се вели во соопштението на полицијата.

Осомничените биле вмешани во повеќе од 1.100 случаи на измами, вклучително и измама во е-трговија, измама со лажно претставување, инвестициска измама, измама преку интернет состаноци и измама со вработување.

Полицијата соопшти дека жртвите претрпеле повеќе од девет милиони сингапурски долари (околу 6,6 милиони американски долари) штета, пренесува Ксинхуа.

Осомничените биле под истрага за измама, перење пари или давање платежни услуги без лиценца.

Млад пар во „жешка“ акција за време на лет- патниците не можат да поверуваат што гледат (ВИДЕО)

Млад пар се препуштил на жешка акција на летот за Даблин, игнорирајќи ги останатите патници.

Патничка снимила девојка како наводно допира млад човек со раката под шал за време на летот. Шокантна снимка од секс во авион е снимена минатиот вторник на утринскиот лет од Лондон до Даблин, објави Дејли Меил.

- Секогаш кога ќе се свртев, гледав енергични движења на седиштата од другата страна. Беше многу очигледно што прават момчето и девојката. Ова траеше околу 20 минути. Едно дете трчаше горе-долу и можеше да види што прават. За мене беше прилично непријатно да седам до брат ми и да морам да посведочам на тоа - изјавила девојката која ја снимила сцената.

За инцидентот се огласи и Бритиш Ервејс.

- Нашите колеги од кабинскиот екипаж не беа информирани за никаков проблем за време на летот. Доколку беа информирани, ќе преземеа соодветни чекори за да го решат тоа - изјавил портпаролот на компанијата.

Полицијата неодамна приведе млад човек и девојка откако биле фатени како имаат секс во тоалетот на авионот. На видеото се гледаат други патници на летот од Лутон како врискаат шокирани откако член на екипажот на EasyJet ја отвори вратата од тоалетот за да ја пронајде експлицитна сцена.

Змија во воз предизвика хаос и застој на железницата во Токио, не успеале да ја фатат

Воз на прометна линија во Токио бил привремено запрен денеска откако патник пријавил кај персоналот дека видел нешто што изгледа како змија.

Ја барале змијата околу 15 минути, но животното не било пронајдено, објави Кјодо.

Железничкиот сообраќај бил обновен еден час по пријавата.

Друг патник рече дека го видел малото животно како „бега во греалка под седиштето“, соопшти линискиот оператор East Jeppen Railway Co.

Поради потрагата по змијата биле погодени околу 2.700 патници.

Никој од патниците не бил повреден.

притисни ентер