Видео- НБА: ЛА Лејкерс избегна „метла“

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада синоќа Денвер Нагетс со 119-108 во конференциското четвртфинале на Западната конференција во НБА лигата и ја забележа првата победа во серијата во која Денвер сега води со 3-1.

Лејкерси до воведниот триумф ги предводеше првата ѕвезда Леброн Џејмс со 30 поени. Ентони Дејвис придонесе со 25 поени, а Остин Ривс и Д’Анџело Расел додадоа по 21 поени.

На спротивната страна, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со трипл дабл (33 поени, 14 асистенции и 14 скокови).

Лејкерси го победија Денвер за прв пат во последните 12 натпревари од декември 2022 година, но им претстои тешка задача на петтиот натпревар кој ќе се игра во Денвер. Ниту еден тим во историјата на плејофот на НБА не успеал да се врати во серијата до четири победи по негатива од 0-3.

„Сè уште заостануваме 1-3. Денеска ја завршивме работата и ја продолживме нашата серија, но мораме да бидеме уште подобри“, изјави Џејмс.

Бауш: Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи

Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи.

Новата влада прво мора да се фокусира на домашните реформи, одржување на ниско ниво на инфлација, и да биде потранспарентна со трошењето на јавните средсва – оценува економскиот аналитичар Абил Бауш....

Со Бауш разговараше Сандра Спасовска.

Дел граѓаните имаат големи очекувања од новата претседателка Сиљановска - Давкова

Граѓаните, барем оние кои зборуваат пред камерата на Канал 5 кажаа дека имаат големи очекувања од новата претседателка.

Граѓаните, барем оние кои зборуваат пред камерата на Kанал 5 кажаа дека имаат големи очекувања од новата претседателка, а дали тие се оправдани или не покажело времето…

Гордана Сиљановска – Давкова и официјално е првата претседателка на Македонија

Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва во Собранието со што и официјално стана шестиот претседател на Македонија.

По заклетвата имаше и 15 минутен говор пред пратеници и вети дека ќе биде претседателка на сите граѓни и повика на обединување.

Од таму се упати во Вила- Водно каде на свечена церемонија досегашниот претседател Пендаровски ѝ посака успех во работата…

Со слика во живо одиме пред Вила Водно, таму Елизабета Дамјаноска – Спасеновска.

притисни ентер