Видео: Новак како „Матрикс“ се подготвува за мечот против Федерер!!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за вечерашниот меч против големиот ривал, Швајцарецот Роџер Федерер на многу невообичаен начин.

Ноле за мечот кој ќе одлучи кој од нив двајца ќе обезбеди место во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон се подготвува на интересен начин со виртуелни очила.

Ѓоковиќ на тренингот пред вечерашниот меч против Федерер ставил очила за виртуелна реалност и се обидувал да фати одбојкарска топка. Тоа секогаш не му поаѓало од рака.

За неговите фанови Ноле со виртуелните очила бил како филмскиот херој „Матрикс“.ж

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

Францускиот парламент ќе ја испита сексуалната злоупотреба во киното

Францускиот парламент денеска се согласи да формира истражна комисија за да ги испита актите на сексуална злоупотреба и напади во киното и другите културни сектори по неколку неодамнешни обвинувања.

Националното собрание, или Долниот дом, едногласно се согласи со предлогот изнесен од актерката Џудит Годреше, која ги обвини режисерите Беноа Жак и Жак Дојон дека сексуално ја нападнале кога била тинејџерка. И двајцата ги отфрлија обвинувањата. /МИА

притисни ентер