Владата на една седмица ги „замрзнува“ сите јавни манифестации и собири, фестивали, спортски настани

Веќе е извесно дека ќе се забранат сите јавни собири во земјава поради ризикот од корона вирусот. Препораката ја дале епидемиолозите од Комисијата за заразни болести. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конференицја на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

притисни ентер