Владимир Кличко стави крај на боксерската кариера

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко објави дека става крај на исклучително богатата и успешна боксерска кариера.

Со ова Кличко ги отфрли сите можност за евентуален римеч против Британецот, Ентони Џошуа од кој беше нокаутиран на мечот одржан на стадионот „Вембли“ во Лондон.

„Освоив се за што сонував и сега сакам да ја започнам мојата втора кариера надвор од спортот. Не можев да замислам дека ќе имам толку долга и неверојатно успешна боксерска кариера. Благодарност до сите кои ми даваа поддршка, особено мојата фамилија, мојот тим и моите фанови кои ги имам во голем број“, изјави Кличко.

41-годишниот Украинец пред на мине во професионалниот бокс го освои златниот медал на Олимписките игри во Атланта 1996 година. Во професионалната кариера Кличко имаше 69 меча на кои забележала 64 победи, од кои дури 53 со нокаут.

Првата титула светски првак ја освои во ВБО верзијата, а потоа ги освои и шампионските појаси во верзиите на ВБА, ИБФ и ИБО. Украинецот сепак не успеа да го сруши рекордот на Џо Луис кој 25 пати успешно ја бранеше титулата, додека Кличко стигна до бројката од 23 успешни одбрани на шампионските појаси.


Сепак, Владимир Кличко кариерата ја заврши со два пораза во низа, и тоа од контроверзниот Тајсон Фјури во 2015, а потоа и од Ентони Џошуа во април оваа година.

МНР: Сите политички чинители, особено избраните државни функционери да бидат внимателни

Сите политички чинители, особено избраните државни функционери да бидат внимателни кон меѓународно преземените обврски како Преспанскиот договор.

Министерството за надворешни работи утрово соопшти дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби и на сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа.

МНР повикува на внимателност од страна на политичките чинители, особено, како што наведува, од избраните државни функционери.

-Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на стратешкото партнерство во стратешки дијалог со САД. Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата, нагласува МНР.

Главчев и Радев по инаугурацијата на Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

 Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Македонија (РСМ). 

Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, така и со договорите меѓу Европската Унија и Република Македонија (РСМ). Ова се вели во ставот на бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев, по повод инаугурацијата на Гордана Сиљановска-Давкова.

Ова, како што пренесува БТА, е и ставот на бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно денеска го пренесе, прес-службата на неговиот кабинет.

- Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Убедени сме дека европската перспектива на Република Македонија целосно зависи од имплементацијата на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрениот од Европскиот совет во јули 2022 година, се посочува во соопштенијата од кабинетите на Главчев и Радев.

Двајцата, исто така, потсетуваат дека Република Македонија е членка на НАТО, од кое што произлегуваат соодветните обврски и одговорности.

Новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, вчера ја презеде функцијата откако положи заклетва пред Собранието, при што во името на државата ја изостави придавката „Северна“, што предизвика низа реакции од Грција и ЕУ за почитување на Договорот од Преспа од 2018 година.

Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон

 Руските власти соопштија дека во текот на претходната ноќ неутрализирале 31 украински беспилотно летало во неколку региони на земјата и на црноморскиот полуостров Крим.

- Во текот на ноќта беа спречени нови обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со воздушни дронови против цели на територијата на Руската Федерација, објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Во соопштението се посочува дека руската противвоздушна одбрана уништила 12 беспилотни летала над областа Белгород, која граничи со Украина и каде вчера во украински напад загинаа 15 лица.

Уништени се уште два беспилотни летала над регионот Курск, кој исто така граничи со Украина, а четири беспилотни летала се пресретнати над соседниот регион Липецк. Исто така, седум беспилотни летала и четири крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ беа уништени над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

притисни ентер