ВМРО – ДПМНЕ : Патници сведочат дека не се проверени на скенер при влез на скопскиот аеродром во земјава

Патници сведочат дека слетале во земјава без никаква проверка, СДСМ  го злоупотребува корона вирусот за пи ар и атак врз медиуми, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ. 

Факти кои го одбележаа денот:

1. Патници сведочат дека не се проверени на скенер при влез на скопскиот аеродром во земјава

2. Опозицијата предлага прогласување на кризна состојба за поголема ефикасност на мерките

3. ВМРО-ДПМНЕ предлага парична награда за лекарите, полицајците, цариниците и пожарникарите, граѓаните на Македонија, кои со натчовечки напори помагаат да се реши проблемот со корона вирусот.

4. СДСМ предложи одложување на изборите па се премисли

5. СДСМ срамно ја злоупотребува кризата со корона вирусот за печалење на поени, врши агитирање на терен, атакува медиуми

6. Стево Пендаровски свика про форма совет за безбедност без покана за политичките лидери

.Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Барселона сака да го позајми Дијаз од Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз може да ја продолжи кариерата во Ла Лига.

Според „Todofichajes“, Барселона е заинтересирана да го добие фудбалерот на позајмица.

Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко разговараше со претставници на напаѓачот.

Тренерот на Барселона, Чави, го одобри трансферот.

Оваа сезона во англискиот шампионат, 27-годишниот Дијаз одигра 36 натпревари, постигна осум гола и пет асистенции. Неговиот договор со „Црвените“ е до летото 2027 година.

Гордан Јандроковиќ реизбран за претседател на хрватскиот Сабор

 Гордан Јандроковиќ од владејачката централно-десничарска партија Хрватска демократска заедница (ХДО) по трет пат е избран за претседател на хрватскиот Сабор. 

Никој од неговите 11 претходници не го постигна тоа во 34 години постоње на хрватскиот Сабор.

Со назначувањето на Јандроковиќ за претседател, беше завршено конституирањето на 11. Сабор откако Хрватска стана независна во 1990-тите.

На изборите на 17 април, ХДО освои 61 мандат во 151-члениот хрватски Сабор, но го нема потребното мнозинство за да добие мандат за формирање влада и мора да преговара со коалициските партнери. Следуваше главната опозициска Социјалдемократска партија со 42 мандати, Патриотското движење освои 14, десничарскиот Мост 11, а зелено-левичарската платформа Можем - 10 мандати. Во Саборот влегуваат уште три помали партии. На претставниците на малцинствата им се загарантирани осум пратенички места, а на дијаспората три.

Јандроковиќ е избран со 144 гласа „за“ и 6 „против“.

Индонезија го подигна нивото на тревога за вулканот Ибу на највисоко ниво

Индонезиската вулканолошка агенција денеска го подигна нивото на тревога за вулканот Ибу на највисоко ниво по серијата неодамнешни ерупции.

Во соопштението, агенцијата исто така ги предупреди околните жители да не се приближуваат до вулканот, кој се наоѓа на оддалечениот остров Халхама.

Вулканот Ибу еруптираше на 13 мај.

притисни ентер