ВМРО-ДПМНЕ:Разобличени лагите на Заев на јавна сцена

​Лагите на аболицираниот криминалец Зоран Заев се целосно разобличени на јавна сцена. 

Целата македонска јавност синоќа виде зошто Зоран Заев долго и упорно избегнуваше дуел и се криеше од соочување со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Заев синоќа во очи на целата јавност призна дека нема официјален документ дека го пријавил случајот „Рекет" ниту се сеќава на тоа, а не се сеќава затоа што тој само ги предупредил неговите рекетари дека ќе се отвори истрага. Не се сеќава на документ за пријава на случајот затоа што вистината е дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод.

Заев синоќа го потврди тоа што го слушна јавноста, односно дека тој е човекот кој го управувал обвинителството и судството преку телефонски разговори и директни средби за тоа какви истраги и кои пресуди да се носат, по принципот на „трас трас без Заев не се може".

Заев синоќа уште еднаш потврди дека е патолошки лажго и без срам се обиде да манипулира дека таткото на неговиот советник Бојан Маричиќ е пензионер, иако вистината е дека тој се уште е виш обвинител во јавното обвинителство каде што токму Заев нарачува истраги против неистомисленици.

Заев синоќа не можеше да каже каде изградил ниту еден километар автопат, ниту пак која инвестиција ја донел во Струмица, затоа што ги нема. Единствено што има е крадење на парите на граѓаните од страна на Заев и неговата криминално рекетарска банда.

Заев синоќа иако не е премиер, повторно ги злоупотреби државните ресурси и на дуелот се појави со државно обезбедување, возила и советници кои не му следуваат како претседател на СДСМ и за кои не постои никаква основа да ги користи.

Затоа Заев упорно бегаше од дуел, се плашеше да се соочи со фактите и реалноста дека целата јавност знае дека ги краде граѓаните и ги користи судството и обвинителството во политички цели. Законот кој Заев насилнички го донесе нема да го спаси за криминалите.

На 12 април на Заев му следува тежок пораз на изборите, а потоа ќе одговара за сите криминали и злодела изминативе три години.

На 12 април следува крај на мафијата на Зоран Заев и доаѓа обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот атлетичар Вандевски собори државен рекорд од 1975

Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.

Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.

Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.

Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски. /MИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер