ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле

Тешко на партијата на чии функционери не им пречи да бидат водени од единствениот политичар во Европа кој три пати е аболициран за криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Милан Живковиќ од СДСМ.

Секојдневно во медиумите излегуваат докази за криминалот на Зоран Заев и неговите функционери. Очајните Заев и СДСМ со манипулации се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон лица кои немаат никаква дамка во кариерата и знаат дека ќе сторат се за да ги спречат криминалните политики на Заев и Царовска кои ја дотуркаа Македонија на дното од европските земји според корупцијата и ја сместија земјава во категориите на земји со хибриден режим.

Во СДСМ се свесни дека ја напуштаат власта и во паника пред граѓаните креираат сценарија.

Наместо Милан Живковиќ да манипулира треба да и одговори на јавноста, кој е придонесот на неговиот шеф за Македонија да се најде на 106-то место според Транспаренси Интернешнл во друштво со Монголија, Брегот на Слонова Коска и Египет?

Живковиќ треба да одговори зошто граѓаните на Република Македонија земаат најниска просечна плата на Балканот?СДСМ нека не молчи за секојдневните афери кои се откриваат, а се вмешани Заев и нивното цело раководство.

Крајот на СДСМ се повеќе се ближи. Решението граѓаните го знаат, а тоа е дека Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власт и никогаш повеќе да не се вратат.

Секогаш кога СДСМ е на власт, Македонија тоне на секое поле.По 12-ти април следува обнова на Република Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер