Во Бугарија речиси во половина држава прогласена епидемија на грип

Во Бугарските градови Велико Трново и Јамбол од денеска е прогласена епидемија на грип. Мерките ќе останат во сила до 5 февруари, соопштија здравствените власти. 

Од среда епидемија на грип е најавена и за Шумен и Перник. Бугарските медиуми јавија дека речиси во половина од државата е прогласена епидемија на груп.

Јамбол и Велико Трново се соодветно деветтата и десеттата област во Бугарија што воведоа привремени антиепидемиски мерки. Тие вклучуваат прекин на закажаните консултации на здрави трудници и деца, превентивни прегледи и задолжителни имунизации. А, во училиштата и градинките се воведува дневен филтер.

Според епидемиолозите, во таа држава главно циркулираат грип А и грип Б, а пикот на епидемијата се очекува за неколку дена.

Во дванаесет региони во Бугарија веќе се на сила антиепидемиските мерки - Бургас, Варна, Велико Трново, Габрово, Пазарџик, Перник, Плевен, Пловдив, Софиско, Смолјан, Шумен и Јамбол, покажуваат податоците на Министерството за здравство и регионалните здравствени инспекции.

Во Бургас денеска одлучуваат дали ќе распишат одмор за учениците поради појавата на грип. Минатата недела, во приморскиот град прогласија епидемија на грип (беа заразени 14 отсто од учениците), но процесот на настава продолжи. До крајот на неделата онлајн настава има во Пловдив и во училишта во Габровско, јавија бугарските медиуми.

Британци дале откази, ја продале куќата и купиле јахта- сега уживаат во Грција

Британски пар решил да направи нешто за што повеќето сонуваат, но не се осмелуваат.

Тие ја напуштиле својата работа од девет до пет, ја продале куќата и се преселиле со нивните две деца на јахта која моментално е закотвена во Грција.

Лора и Рос Колеџ се решиле на овој чекор откако се загрижиле дека нивното семејство е премногу исклучено бидејќи биле премногу зафатени.

– Рос работеше повеќе од 50 часа неделно, што влијаеше да бидеме како „бродови во ноќта“ секој за себе – призна Лора, а пренесува „NY Post“.

- Чувствуваше дека најважните години на нашите деца ни се лизгаат пред очи и толку многу му недостасуваше да биде со нив - вели тој.

Наместо да и се препуштат на судбината, родителите решиле да им овозможат на децата „возбудливо, авантуристичко, неконзумирачко воспитување“ за да ги „направат посветски“ и во исто време да ги задоволат нивните „дополнителни образовни потреби“, бидејќи еден од нивните синови има АДХД и најверојатно е високофункционален аутист.

Затоа ја продале својата ново реновирана куќа, ја купиле јахтата „Баварија 42“ од 2005 година и се преселиле во Грција во летото 2019 година и конечно се населиле на Јонските острови. Тие веќе пет години крстарат меѓу грчките острови и уживаат во својот нов начин на живот и покрај многуте непредвидливи ситуации кои овој стил ги носи во нивните животи.

- И двајцата пораснавме на море како сурфери и кајакари во Њукеј, па океанот секогаш нè привлекуваше - рече Лаура за нивниот претходен живот во југозападна Англија: - Животот на едреник е многу променлив, па затоа е тешко да се најде рамнотежа помеѓу работата и животот. Одржувањето на секаков вид на рутина е предизвик. Мора да се прилагодите на временските услови или други околности кои бараат постојани промени на планот.

Рос е капетан на семејниот брод, Лаура е неговиот прв офицер и двајцата се директори на BoatFit, онлајн страница за здравје и фитнес, и Sailing Holly Blue, која ги прикажува нивните авантури. Ноа моментално се школува дома, а вториот син Џош посетува виртуелно средно училиште преку Интернет, стекнувајќи пријатели од целиот свет.

- Кога ќе ја завршат турнејата во Грција, планираме да ги рашириме крилјата понатаму - најавува Лаура и додава дека семејството планира да добие поголем брод кога момчињата ќе станат преголеми за сегашната јахта, иако ја подобриле сегашната многу подобро да се прилагоди на потребите на семејството - вели таа и додава:

- Вклучивме соларна енергија, литиум-јонски батерии, производител на вода и други модови што значат дека можеме да живееме целосно надвор од мрежата, без сметки за комунални услуги и самодоволни ако сакаме да бидеме осамени. Најголем дел од реновирањето е овозможено со соработка со спонзори од нашите профили на социјалните мрежи.

Што се однесува до нивното ментално здравје, мајката вели дека нема ништо поубаво од тоа да се биде толку блиску до природата и на милост и немилост на нејзините елементи.

- Сите други работи стануваат толку тривијални - посочува Лаура и вели: - А што се однесува до врските, многу брзо дознавате дали личноста со која сте затворени на бродот е вашата сродна душа. Животот на едреник е шпорет под притисок 24/7 и вие не само што треба да научите да ги избирате вашите битки, туку и каде сакате и не сакате да правите компромиси. Вашата врска потоа се продлабочува на неверојатно ниво, а вашата почит - како и восхит еден кон друг - исто така се зајакнува.

Ужас во Романија: Пет деца се борат за живот- мајка им ги искапела со средство против паразити

Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала во средство за уништување паразити.

Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано.

Како што пишуваат медиумите, мајката се капела себеси и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и болви. Се верува дека на овој чекор се одлучила откако едно од децата добило вошки. Наводно советот ѝ го дала бабата на момчето.

Овој инсектицид се користи само од обучен персонал и само во многу разредени дози.

„Децата се донесени во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба. Децата беа во состојба на делириум, халуцинираа и се тресеа. Едниот веднаш е префрлен на интензивна нега бидејќи веќе е примен во кома. Состојбата на другите деца донекаде се подобри“, рече Крина Кибеди, портпаролка на болницата во Констанца.

Хајди Клум го „освои“ црвениот тепих во Кан (ФОТО)

Започна Канскиот фестивал, една од најстарите и најпрестижни настани во светот на кинематографијата, а беше отворен со премиерата на филмот „Вториот чин“.

По црвениот тепих продефилираа бројни познати дами, покажувајќи многу елеганција и луксуз, со само неколку секси детали, како што доликува на фестивал од оваа реноме.

Канскиот фестивал вечерва покажа дека префинетите, дамски креации сè уште живеат, а една од најдобро облечените жени беше легендарната манекенка Хајди Клум.

Убавата Германка се појави во Кан во неверојатно раскошна, впечатлива креација потпишана од либанскиот дизајнер Саид Кобеси.

Оваа тоалета беше направена од десетици метри најквалитетна свила во моќна, „богата“ темноцрвена нијанса и ги истакна најдобрите атрибути на извајаната фигура на Хајди.

Фустанот е изработен од корсетиран горен дел што ги открива рамениците и ги истакнува бујните гради на 50-годишната жена, но вистинската магија започнува од половината надолу - здолниште во форма на топка, асиметрично со долг шлеп и шлиц.

Смел, заводлив шлиц на средината на ногата ги откри совршено обликуваните нозе на Хајди во салонки од сребрени кристали. Со оглед на тоа што оваа тоалета сама по себе остава неверојатно силен впечаток, Клум не претерувала со деталите, па ја комплетирала само со висечки, прекрасни обетки.

притисни ентер