Во Индија е забележано најниско ниво на загадување на воздухот во последните 40 години

Емисијата на јаглерод диоксид во Индија падна за прв пат по четири децении, благодарение на карантинот поради коронавирусот, се вели во студијата објавена на британската веб-страница Carbon Brief.

Намалената побарувачка на електрична енергија и конкуренцијата од обновливи извори ја ослабнаа побарувачката за фосилни горива 12 месеци пред пандемијата да ја погоди Индија, но ненадејното воведување на мерките за изолација на 25 март го забрза падот на емисијата на CO2, според анализата на „Carbon Brief“.

Емисијата на СО2 падна уште во март за околу 15 проценти , а во април за 30 проценти.

Според студијата, емисиите паднале за околу еден процент во фискалната година што заврши во март 2020 година, по падот на потрошувачката на јаглен, додека кривата на потрошувачката на нафта се спуштила.

Производството на електрична енергија од јаглен опаднало за 15 проценти во март и 31 процент во првите три недели од април.

Потрошувачката на нафта опаднала за 18 проценти до март 2020 година, додека во исто време се зголеми производството на енергијата од обновливи извори.

Во последните неколку недели, Индијците повторно им се восхитуваа на врвовите на Хималаите, бидејќи може да се видат на стотици километри оддалеченост, заради намалување на загадувањето. Покрај воздухот, и реките се прочистени.

Особено погледот на Хималаите ги воодушеви жителите на областа Пенџаб во северна Индија затоа што овој грандиозен планински венец сега е видлив од оддалеченост од повеќе од 200 километри, поради намаленото загадување на воздухот предизвикано од воведување на карантинот во земјата во борбата против коронавирусот.

Жителите на градот Јаландхар, а особено младите луѓе кои никогаш не ја виделе планината Ѓулаџар поради облакот од смог, велат дека природата се лекува со воведувањето на карантин , а особено со затворање на фабриките и прекин на сообраќајот.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер