Во Иран откажана петочната молитва поради страв од коронавирусот

Иран ја откажа главната петочна молитва во Техеран и во 22 други градови за да се спречи ширењето на коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.

Светите молитви се одржуваат во повеќе од 900 градови низ Иран секој петок, а илјадници луѓе доаѓаат вобичаено во џамиите во 23 града каде денеска молитвите беа откажани.

Покрај тоа, беа ограничени посетите на главните муслимански светилишта во Ком, што е епицентарот на ширењето на коронавирусот во оваа земја.

Министерот за здравство, Саид Намаки, изјави на државната телевизија дека на луѓето ќе им биде дозволено да ги посетуваат светите места, откако им биле дадени хигиенски гелови за раце и маски за лице.

„Тие не треба да се собираат во групи, туку само да се молат и да си заминат“, рече Намаки.

Иранскиот министер за здравство, во меѓувреме, предупреди дека бројот на заразени лица ќе се зголеми во наредните денови.

Покрај тоа, потпретседателката на Иран, Масумех Ебтекар е во карантин затоа што е заразена со коронавирус.

До денеска биле пријавени 388 случаи на инфекција со коронавирус и 34 смртни случаи. Бројот на починати во Иран, по оние во Кина, е најголем. Од Иран, инфекцијата се проширила во соседните земји Авганистан, Бахреин, Ирак, Кувајт, Оман и Пакистан.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер