Во Канада пронајден дијамант од 552 карати

Во Канада пронајден фантастичен 552 – каратен дијамант.

Станува збор за значајно откритие , поради тоа што ова е најголемиот пронајден дијамант во северна Америка.

Димензиите на пронајдениот дијамант од 552 карата се 33,74x54,56 мм, тој е значително поголем од 187,7 каратниот дијамант пронајден во истиот рудник во Канада во 2015 година.

Дијамант со вакви димензии е неочекувано откритие во овој дел на светот. Дијамантот го пронашле рудари од компанијата Diavik Diamond Mine.

Дијамантот е веќе анализиран и одлучено е да не се продава цел , туку да се реже и продава во делови.

Вредноста на дијамантот засега не е проценета, а претходниот рекорден примерот од 187,7 карати по сечењето бил продаден за 1,3 милиони долари.

Хејнс: Надворешни сили се обидуваат да влијаат врз американските претседателски избори

Има сè поголем број странски актери, вклучително и недржавни актери, кои сакаат да влијаат на изборите во САД, а Русија, Кина и Иран се најзначајни, рече директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс на сослушување во Сенатот.

- Русија особено останува најактивната надворешна закана за нашите избори. Целите на руската Влада во таквите операции на влијание обично вклучуваат поткопување на довербата во американските демократски институции, што ги влошува поделбите во САД и намалената поддршка на Западот за Украина, посочи Хејнс.

Таа додаде дека напорите на американската администрација да обезбеди избори се значително подобрени од претседателските избори во 2016 година и верува дека Владата никогаш не била подобро подготвена.

Конгресните комисии почнаа да ги испитуваат доказите за странските напори, особено руските да влијаат врз американското јавно мислење, откако американските разузнавачки агенции заклучија дека субјекти поддржани од Кремљ се обидуваа да му помогнат на републиканецот Доналд Трамп да ја освои Белата куќа во 2016 година. Москва негираше вмешаност.

Вчерашното сослушување беше прва јавна расправа на Комисијата на тема изборниот циклус во САД во 2024 година.

Блинкен си навлече критики откако пееше во ноќен клуб во Киев

„И еден збор е доволен за да се опише синоќешната ноќ на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, а тоа е - „несоодветно““, напиша на Фејсбук Свитлана Матвиенко.

Ако шефот на американската дипломатија сакаше да испрати порака за поддршка на Киев со пеење на „Rockin' in The Free World“ во ноќен клуб во главниот град на Украина во вторникот вечерта, во средата многу Украинци го сметаа неговиот настап како несоодветен среде руската офанзива на североисток, анаизираат француски медиуми.

„И еден збор е доволен за да се опише синоќешната ноќ на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Киев, а тоа е - „несоодветно““, напиша на Фејсбук Свитлана Матвиенко, директорка на невладина организација специјализирана за политички анализи.

Како и многу нејзини сонародници, таа рече дека е „изнервирана“ од настапот на Блинкен бидејќи регионот Харков во североисточна Украина беше „урнат“ со еднонеделна руска офанзива и го осуди „целосниот недостаток на разбирање на ситуацијата“ и „ емпатија“ од американски официјални претставници.

Пристигнувајќи во ненадејна дводневна посета на Киев, каде што продолжи да ја демонстрира поддршката на САД за Украина, Блинкен во вторникот го заврши напорниот ден исполнет со официјални средби, вклучително и со претседателот Володимир Зеленски, свирејќи на гитара и потпевнувајќи ја таа песна во клуб на приземје во центарот на главниот град.

„Знам дека ова е многу, многу тешко време. Вашите војници, вашите граѓани, особено на североисток, во Харков, многу страдаат. Но, тие треба да знаат, вие треба да знаете дека САД се со вас“, рече тој пред да започне да свири.

За Бохдан Јаременко, пратеник од претседателската партија и поранешен дипломат, контекстот е лошо избран по неколкумесечните одложувања на американската воена помош за Украина што ги ослабе украинските сили на бојното поле.

„Пораката не е комплицирана, но не успеа“, напиша тој на Фејсбук.

„Со сета почит, ова е грешка“, коментираше во ист тон Валери Чали, поранешен украински амбасадор во САД.

Музичкиот настап на Ентони Блинкен го навлече гневот на Украинците на социјалните мрежи, при што некои корисници ги критикуваа американските власти за бавното темпо на американската воена помош.

„Посета формирана од неуспех во комуникацијата“, резимира Сергиј Сидоренко, уредник на влијателната информативна страница Европејска Правда, на Фејсбук. „Јавните предупредувања испратени не функционираа онака како што планираа нивните автори“.

Во Скопје вчера изречени 125 казни за сообраќајни прекршоци

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера при контрола на сообраќајот во главниот град изрекол 125 санкции.

Како што соопшти МВР, 16 од нив биле за возење без возачка дозвола, седум за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири казни за користење мобилен телефон при возење, три за некористење на сигурносен појас...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер