Во Кина се појави смртоносна чума , позната како ,,Црна смрт”

Две лица во Кина се заболени од чума , соопштија денеска кинеските власти.

Ова е втор пат во земјата да се појави т.н. Црна смрт , една од најсмртоносните причинители на пандемија во историјата на човештвото.

Во мај годинава, монголска двојка почина од бубонска чума, затоа што јадела суров бубрег од мајмун , кој во народната медицина се смета за лек.

Најновите двајца пациенти кои имаат симптоми на пневмонија, потекнуваат од кинеската провинција Внатрешна Монголија и сега се лекуваат во округот Чојанг во Пекинг, пренесува Си-Ен-Ен.

Чумата е предизвикана од бактерии, а луѓето можат да ја добијат, ако се каснати од заразено животно (или јадат сурово месо). Постојат три основни форми на развој на болеста: бубонска чума што предизвикува отечени лимфни јазли, септичка чума ја инфицира крвта и белодробна чума ги инфицира белите дробови.

Двајцата пациенти добиле пневмонија, што е многу заразна и најштетна за организмот. Ако не се лекува, секогаш завршуива фатално.

Во средниот век, чумата ја опустошила Европа, убивајќи околу 50 милиони луѓе. Иако неодамна се измислени антибиотици, кои можат да ги лекуваат повеќето инфекции, чумата сè уште не исчезна. Напротив, повторно се појавува во изолирани случаи.

Во моментов нема ефикасна вакцина против чума, но современите антибиотици можат да спречат компликации и смрт на пациентите. Како и да е, неодамна, на Мадагаскар е пријавен вирус на бубонска чума, кој е екстремно отпорен на антибиотикот стрептомицин,со кој вообичаено се третира оваа болест.

Најмалку 23 загинати во Перу, кога автобус падна во бездна и пропадна во река (ВИДЕО)

Автобус падна во бездна и пропадна во река вчера вечерта на планините Анди во Перу, при што загинаа најмалку 23 лица, соопшти денеска регионалниот обвинител.

Несреќата се случила кога автобусот се движел кон градот Сорочуко, изјавила Олга Бобадила, а пренесува Ројтерс.

„Сè уште ги собираме сите информации. Несреќата се случила ноќе на прилично нерамен и неасфалтиран пат. Автобусот паднал во бездна во реката“, додаде таа. Локалните медиуми јавија дека автобусот тргнал од блискиот град Челендино.

Несреќите се релативно чести на небезбедните патишта во Перу. Во септември минатата година, дваесет лица загинаа во несреќа, а во јануари 2023 година, најмалку 24 загинаа кога автобус падна од карпа.

Дали Хамас ќе ја прифати дарежливата понуда на Израел?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Ријад изјави дека се надева дека палестинското движење Хамас ќе ја прифати „исклучително дарежливата“ понуда за запирање на израелската офанзива во Појасот Газа.

„Хамас има понуда пред себе која е крајно, крајно дарежлива од израелска страна“, рече Блинкен на Светскиот економски форум, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој нагласи дека Хамас мора брзо да донесе одлука за понудата.

„Се надевам дека ќе донесат правилна одлука“, рече Блинкен.

Делегација на Хамас денеска престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа.

Во саботата, висок функционер на Хамас, Калил ал-Хаја, рече дека групата го разгледува предлогот на Израел, но не даде детали.

Тој истакна дека понудата на Израел за примирје е одговор на предлогот на Хамас испратен пред две недели.

Светските медиуми објавија дека предлогот предвидува примирјето, доколку биде склучено, да биде претставено како „хуманитарен прекин на огнот“.

Хамас би ги ослободил заложниците во замена за неколкунеделен прекин на огнот и ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.

Разговорите се во застој за двете главни прашања, Хамас бара израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и детали за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори.

Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и дозволувајќи им на жителите да се вратат на север.

Блинкен денеска отпатува за Саудиска Арабија, каде една од темите на разговор ќе биде војната меѓу Израел и Хамас и повоената иднина на Газа.

Шефот на американската дипломатија ќе разговара со саудиски претставници во Ријад, а ќе има средба и со министрите за надворешни работи на Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив.

Тој ќе се сретне со министрите на Саудиска Арабија, Египет, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, како и со палестинската управа.

По Саудиска Арабија, Блинкен ќе ги посети Јордан и Израел.

Тренчевска: До 2028 година 70% од децата ќе бидат вклучени во предучилишно воспитание

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена.

Ко-носителката на листата за пратеници, Јованка Тренчевска на изборната единица број 4 на СДСМ од вечерашната трибина во Неготино порача дека пораката која граѓаните ја испраќаат е примена, но дека знае дека градењето на систем е многу поважно за граѓаните отколку само популистички мерки кои не оставаат долготрајни траги во подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните!

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашите политички опоненти. Од 2017 година до денес, владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци на нашето вложување во Неготино, во градинката „Фемо Кулаков“, објектот „Темјанушка“ каде инвестиравме и ги зголемивме капацитетите овозможувајќи детска заштита за дополнително 161 дете“ рече Тренчевска објаснувајќи ги заложбите на СДСМ за унапредување на детската заштита.

Таа посочи дека до 2028 година опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование ќе се зголеми на 70% и дека патот кон исполнување на таа цел ќе се потврди со отворањето на 14 нови градинки во 2024 година!

Тренчевска истакна дека покрај влогот во најмладите СДСМ вложува и во највозрасните!

„Инвестираме во државни старски домови. Во поголеми пензии. Најниска пензија 20000, просечна 30000 денари. Поголеми плати. Минимална плата 36000 денари, просечна плата 67000 денари. Пoголеми права од социјална и детска заштита за 30%. Нови услуги за највозрасните достапни во сите 81 општина“ изјави Тренчевска.

На крај таа повика сите граѓани да ја заокружат опцијата со број 1 на изборите, затоа што нема друг начин Македонија да чекори напред, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер