Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, најмногу наврнат воден талог до 7 часот од 29 литри на метар квадратен има во Демир Капија, потоа следат Маврово со 25 литри, Дојран 23 литри, Тополчани и Пожаране 18 литри, Гевгелија и Пожар 17 литри, Битола 16 литри, Струмица, Кавадарци и Крива Паланка 15 литри, Скопје-Петровец 11 литри, Крушево 10 литри, Штип, Берово и Ѓуриште 8 литри, Тетово литри, Прилеп 6 литри, Скопје-Зајчев Рид 4 литри, Виница и Претор 3 литри, Куманово 2 литри и Охрид и Дебар 1 литар.
Изутрината најниска температура е измерена Маврово -6 степени, а во Крушево и Пожар -4, Ѓуриште -4, Крива Паланка, Берово и Пожаране -2, Штип, Прилеп, Охрид и Претор -1, 0 во Петровец, Тетово, Виница, Струмица, Демир Капија, Битола, Дебар и Куманово, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Дојран и 3 степени во Гевгелија.
Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Попладне врнежите речиси насекаде ќе престанат, меѓутоа во вечерните и ноќните часови повторно ќе ги има и ќе бидат повеќе застапени во југоисточниот дел од земјата. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.
Во Скопје променливо облачно време со повремен снег и со умерен северен ветер, а во ноќните часови повторно ќе има услови за слаби врнежи од снег. Дневната температура ќе достигне до 4 степени.
Утре претпладне во источните делови ќе има слаби врнежи од снег, а попладне ќе престанат и облачноста ќе се намали. Преку денот ќе дува умерен северен ветер. Од понеделник следи период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утрински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.