Во почетокот на февруари ќе се знае методологијата за утврдување на имотната состојба на судиите

 До крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде позната во целост методологијата според која ќе се утврдува имотната состојба на судиите. 

Притоа, низ процесот нема да минат сите судии, туку само оние што ќе се најдат на „списокот". Списокот го изготвува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Републичкиот судски совет (РСС).

Како што соопшти денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, во завршна фаза е дефинирањето на критериумите по кои ќе се составува списокот, а тие генарално се однесуваат на тоа кој судија најмногу ги држел предметите, кој веќе се нашол пред РСС, за кој има најмнгоу поплаки од граѓаните. Во предвид ќе биде земен и начинот на распределба на предметите.

Според Ивановска, на списокот ќе се најдат и судиите за кои до ДКСК стигнале поплаки од граѓаните.

-Ние не најавивме ветинг во целина. Рековме дека ќе посегнеме до каде што е нашата надлежност, а тоа е испитување на имотната состојба. Со оглед дека станува збор за голем број судии, 600 – 700, апсурдно е да се занимаваме со сите. Работиме на методологијата за избор на примерок заедно со Републичкиот судски совет (РСС) кој треба да ни ги достави податоците по што, всушност, ќе утврдиме кои судии ќе бидат предмет на нашата работа, изјави Ивановска, одговорајќи на новинарски прашања пред годишната конференција во рамки на проектот „Заедно во борба против корупција".

ДКСК во моментов ги чека податоците од РСС.

-Ќе направиме список од судии и обвинители на кои ќе работиме. Ги дефинираме чекорите со РСС. Имавме средби изминатиот период, се договаравме околу критериумите и поставивме неколку основи како репер. Сега ги чекаме податоците од РСС, кај и да е, треба да стигнат. За сите документи што ги бараме има 15 дена рок за доставување. Нашата намера е во првата недела од февруари да излеземе со годишниот план. Се надеваме дека ќе успееме во тоа, рече претседателката на Комисијата.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер