Вчера околу 05.00 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „порше“ и на патничко возило „ауди А8“, но возилата не застанале.
Набргу возилото „порше“ застанало и при негова проверка биле пронајдени 16 мигранти (две малолетни лица), од кои пет од Пакистан, шест од Еритреја и пет од Непал, сите без документи за идентификација.
Мигрантите и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Нешто подоцна , околу 11.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница с.Табановце, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство.
По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле A.Х.(22) и А.А.(21), двајцата од Пакистан. А.Х. се здобил со повреда на нога додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, се наведува во соопштението од МВР.