Во Русија стартува 21 Светски фудбалски шампионат, сите ја сонуваат „Богињата“

Очите на милијарди луѓе од целата планета во следните месец дена ќе бидат свртени кон Русија. 

Каде од денеска па се до 15 јули најдобрите 32 светски селекции ќе се борат за тронот на 21 Фудбалски Мундијал.

Најзначајниот спортски настан годинава како и многу претходни ќе мине без учество на селекцијата на Македонија, честа на поранешна Југославија ќе ја бранат репрезентациите на Србија и Хрватска.

Од моментот кога во 2014 година во Бразил беше завршено финалето на Светскиот шампионат меѓу Германија и Бразил вљубениците во најважната споредна работа на светот фудбалот со нетрпение очекуваа популарната буба мара повторно да се стркала на зелениот терен и да започна битката за популарната „Богиња“.

Мундијалот во Русија по многу што ќе биде посебен. Тоа е првиот Светски фудбалски шампионат кој се игра во Источниот дел на Европа, а воедно ќе биде и премиерниот Мундијал на кој ќе се користи видео – технологија за сите сомнителни ситуации.

Домаќинот Русија максимално сериозно ја сфатил организацијата на првенството , посебно кога е во прашање безбедноста на фудбалерите но, и на навивачите. На секој чекор може да се видат полицајци, сообраќајци...

Свеченото отворање на Светскиот шампионат е закажано за денеска во 16 и 30 часот по средноевропско време, а во 17 часот започнува и премиерниот дуел меѓу домаќинот Русија и селекцијата на Саудиска Арабија. Засега се продадени рекордни 2,7 милиони влезници за 64 натпревари на Мундијалот.

Инаку ова ќе биде уште една смотра на која фудбалерите ќе се обидат да рушат разни рекорди.

Шампионскиот трофеј, популарната „Богиња“ ја брани селекцијата на Германија.

Годинава во улога на фаворити за титулата покрај популарните „панцири“ Германците се и репрезентациите на Аргентина, Бразил, Шпанија, Франција, Белгија ....Но, секако во следите 30 дена сите учесници ќе ја сонуваат „Богињата“ и ќе се надеваат на некакво чудо.

Во А групата ќе играат: Русија, Уругвај, Египет и Саудиска Арабија.

Групата Б ја сиочинуваат: Шпанија, Португалија, Иран и Мароко.

Ц-група: Франција, Австралија, Данска и Перу.

Во Д-групата ќе играат: Аргентина, Хрватска, Нигерија и Исланд.

Селекции кои ќе играат во Е-групата: Бразил, Швајцарија, Србија и Костарика.

Четирите учесници во групата Ф се: Германија, Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

Белгија, Англија, Тунис и Панама ќе се натпреваруваат во Г-групата.

Х-група: Полска, Колумбија, Јапонија, Сенегал.

Ќе се игра по систем секој со секого, а првите две од секоја група одат во следната рунда. Групната фаза ќе трае од 14 до 28 јуни. Осминафиналето ќе се игра од 30 јуни до 3 јули. Четвртфиналето е закажано за 6 и 7 јули, а полуфиналните дуели за 10 и 11 јули. На 14 јули е натпреварот за 3.место, а финалето ќе се игра на 15 јули.

Мундијалот ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови>

Москва - „Лужники" (капацитет 81.000 илјади) „Откритие Арена“ (45.360)

Санкт Петербург – „Крестовскиј“ (68.134)

Казан – „Казан Арена“ (45.379)

Калинград – „Калинград Стадиум“ (35.212)

Сочи – „Фишт“ (47.659)

Волгоград – „Волгоград Арена“ (45.568)

Саранск – „Мордовија Арена“ (44.442)

Нижниј Новгород – „Нижни Новгород“ (44.899)

Самара – „Самара Арена“ или „Космос Арена“ (44.918)

Ростов на Дон – „Ростов Арена“ (45.000)

Екатеринбург – „Екатеринбург Арена“ (35.696).

Инаку наградниот фонд на Мундијалот во Русија е огромен . Светскиот шампион ќе добие 38 000 000 долари, вицешампионат 28 000 000, бронзата носи 24 000 000 долари, а четвртото место два милиони долари помалку.

За пласманот во четврфиналето селекциите ќе добијат по 16 000 000 долари, а 12 мил. Долари осминафиналистите. За настапот во групната фаза репрезентациите ќе добијат од ФИФА по 8 милиони долари, што значи дека вкупно ќе бидат исплатени точно 400 000 000 долари.

Светски шампиони:

1930. Уругвај

1934.Италија

1938. Италија

1950. Уругвај

1954.Германија

1958.Бразил

1962.Бразил

1966. Англија

1970.Бразил

1974.Германија

1978. Аргентина

1982. Италија

1986. Аргентина

1990.Германија

1994.Бразил

1998.Франција

2002.Бразил

2006.Италија

2010.Шпанија

2014. Германија.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер