Во штипската градинка „Цветови" инвестирани околу 90.000 евра

Заврши реконструкцијата на клонот „Цветови" во штипската населба 8 Ноември, во која се згрижени околу 150 деца од претшколска возраст.  

Директорката на детската градинка „Астибо", Билјана Трајчевска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски при денешната посета на оваа градинка истакна дека реконструкцијата, набавката на нов мебел, завеси и теписи чинело речиси 90.000 евра, од коишто 55.000 евра се донација од Јапонската амбасада.

Со донација од Јапонската амбасада, се променија прозорите што беа стари и дотраени и котелот за греење, а додека со финансии од Општината оваа детска градинка набави нов мебел, завеси и теписи.

–Денеска сме на увид во детската градинка „Цветови" во завршените реконструкции во овој клон. Се работи за инвестиција од околу 4,8 милиони денари од кои дел се наша инвестиција, а дел се донација од Јапонска амбасада, вели Бочварски.

Директорката Трајчевска кажа дека ова е многу значајна инвестиција за овој клон, бидејќи после подолг период се реконструираат старите и дотраени работи. Објектот е пуштен во употреба во осумдесетите години на минатиот век. Таа додаде дека во оваа градинка останува да се реконструираат тоалетите, оградата и во функција да се стави и бунарот за техничка вода, со цел зелени површини околу градинката да се наводнуваат од оваа вода, а не од градскиот водоводен систем./МИА

Салфетката на Меси се продава на аукција, веќе се понудени 300.000 евра

Денеска е отворено наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише со тогаш 13-годишниот Лионел Меси, а предвремените понуди достигнаа речиси 300.000 долари.

Салфетката беше потпишана во декември 2000 година кога Карлес Рексах, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со агентот Хорасио Гаџиоли да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (274.824,00 долари) набргу по отворањето на продажбата, според веб-страницата на аукционерот. „Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.

Меси ѝ помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови. Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами. „Ако го сакате фудбалот, ќе знаете сè за Лионел Меси и ќе знаете дека тој го дефинираше фудбалот со генерации. Ако сакате дел од акцијата, ова е местото“, рече Сендс. Онлајн продажбата завршува на 17 мај.

Димитриевски: ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија

Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва изспиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски.

Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остнати политички субјекти.

Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и и поска успешен мандат.

притисни ентер