Во штипскиот регион излекувани 25 пациенти

Шестмина здравствени работници од штипската Клиничка болница се излекувани и се на своите работни места, информираше денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. 

Здравствените работници кои имаат по два негативни теста и се влезени во бројката на излекувани од Ковид-19 се враќаат на своите работни места. Ѓеорѓијев вели дека во моментов се чекаат тестовите за уште двајца здравствени работници, од кои една лекарка и една медицинска сестра.

Прашан дали здравствените работници кои се заразија на своите работни места беше предупредување и за останатиот персонал да е внимателен и правилно да ја користи опремата Ѓеоѓијев вели дека ситуцаијата се сфати сериозно во делот на заштитата.

-Ние сме на првата линија, најмногу контакти имаме со пациентите, од страна на здравствените работници се користи заштитната опрема, вели Ѓеорѓијев.

Забележа дека заштитна опрема има за вработените во штипската Клиничка болница, постојано се надополнува она што е за еднократна употреба. Во Штип досега се излекувани вкупно 25 граѓани, активни случаи се седум, но за дел од нив се чекаат тестовите во текот на овие денови. Доколку во Штип за време на празниците нема ниту еден случај позитивен на корона вирус здравствените работници очекуваат во правта половина на мај сите 32 пациенти да бидат дел од бројката на излекувани.

-Јас сум умерен оптимист, еве морам да ги пофалам граѓните на Штип дека сериозно ги сфатија препораките и опасноста од вирусот. По појавата на оние два –три кластери, после имавме период на стагнација и сега имаме период во којшто подолго немаме новозазаразени пациенти. Сметам дека одговоривме на висина на задачата и мислам дека полесно ќе се справиме со оваа корона инфекција, вели Ѓеорѓијев.

Во Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани тројца пациенти од Пробиштип и Пехчево, кои се средна клиничка слика. Ѓеорѓијев забележа дека почнале со праќање на брисеви до лабараторијата во МАНУ. Резултатите за пациентите кои болнички се лекуваат или се сомнителни веднаш се добиаваат истиот ден. /МИА

Шеснаесет жени го обвинија Дејвид Коперфилд за сексуално злоставување, тој негира

Вкупно 16 жени го обвинија американскиот магионичар Дејвид Коперфилд за непримерно сексуално и недолично однесување кое траело со децении, пишува The Guardian.

Половина од жените изјавиле дека во моментот на инцидентот биле тинејџерки, односно дека биле помлади од 18 години. Некои рекоа дека имале само 15 години, но дека Дејвид можеби не ги знаел нивните години.

Адвокатите на Коперфилд велат дека наводите „не само што се целосно лажни, туку и целосно неверојатни“.

Инцидентите за кои го обвинуваат 67-годишниот магионичар се случиле од крајот на 1980-тите до 2014 година. Обвиненијата против него вклучуваат наводи дека дрогирал три жени пред да има секс со нив. Гардијан ги разгледувал наводите како дел од серијата приказни засновани на интервјуа со повеќе од 100 луѓе и судски и полициски досиеја.

Некои од жените изјавиле за Гардијан дека дури по движењето #MeToo се јавиле за нивните наводни искуства со Коперфилд. Запрашан за нивните изјави, Коперфилд негира дека сторил нешто лошо.

Неговите адвокати за Гардијан изјавиле дека тој „никогаш не се однесувал непримерно со никого, а камоли со малолетно лице“. Тие рекоа дека „вистинскиот“ портрет на Коперфилд ќе ја опише неговата „љубезност, срамежливост и однос со почит кон мажите и жените“.

Тие рекоа дека Коперфилд е силен поддржувач на движењето #MeToo од неговото основање, кое ги охрабрува жените да излезат и да ги раскажат своите приказни за злоупотреба. Тие рекоа и дека против него во минатото биле изнесени „многубројни лажни обвинувања“.

Една од 16-те жени, Бритни Луис, излезе во јавноста во 2018 година со наводи дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал во 1988 година, кога таа била 17-годишна манекенка. Коперфилд ги негира обвинувањата. Друга жена рече дека имала слично искуство, наведувајќи дека таа и другарка ѝ биле дрогирани. Адвокатите на Коперфилд исто така рекоа дека дрогата „не е дел од неговиот свет“.

Во четири случаи, жените тврделе дека Коперфилд ги допирал или ги принудил сексуално да го допираат. Три од нив биле тинејџерки во моментот на наводните инциденти. 38-годишниот Фалон Торнтон за „Гардијан“ изјавила дека Коперфилд и ги стиснал градите откако ја поканил на сцената за време на настап во јануари 2014 година во казино-хотелот МГМ Гранд.

Таа ги пријавила наводите во МГМ и во Митрополитската полиција во Лас Вегас, покажуваат записите, но Торнтон вели дека нејзината изјава никогаш не била сфатена сериозно. Полицијата во Лас Вегас изјави за Гардијан дека го затворила случајот поради „недоволно докази“.

Вицепремиерот на Словачка: Фицо ќе преживее, моментално е вон животна опасност

Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба изјави вечерва дека верува оти премиерот Роберт Фицо е надвор од животна опасност и оти ќе го „преживее“ обидот за атентат што се случи претходно денеска.

„За среќа, колку што знам, операцијата помина добро и мислам дека на крајот ќе преживее. Во моментов е надвор од животна опасност“, изјави Тараба за Би-Би-Си.

Тој истакнал дека напаѓачот пукал од непосредна близина.

„Тој беше тешко повреден. Еден куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот. Веднаш беше однесен во болница и опериран“, изјави Тараба.

Тој ја обвини опозицијата во земјата дека користи „лажни наративи“ и дека зборува за Фицо „речиси како чудовиште“, велејќи дека таквите коментари немаат место во демократијата.

Претходно денеска министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток изјави дека нападот врз Фицо е политички мотивиран и дека напаѓачот одлуката ја донел по претседателските избори пред повеќе од еден месец.

Тој ги повика луѓето „да не шират омраза“ на социјалните мрежи и додаде дека во наредниот период ќе се зајакне заштитата на државните функционери и политичките претставници на владејачката коалиција и опозицијата, како и на поединечни медиуми.

Министерката за здравство Зузана Долинкова претходно најави дека Фицо е „во најдобри раце“ кои се грижат за неговото здравје.

„Верувам дека сѐ ќе оди добро. Стискам палци и му посакувам многу сила не само на него, туку и на медицинскиот персонал кој во овој момент навистина се бори за неговиот живот“, изјави таа.

Претходно денеска, по седницата на Владата во градот Хандлова, беше убиен премиерот на Словачка кога напаѓачот испука неколку куршуми од непосредна близина.

Премиерот беше префрлен во болницата во Банска Бистрица во многу тешка состојба.

Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија по насилните протести

Франција денеска прогласи вонредна состојба на прекуморската територија Нова Каледонија по две ноќи немири во кои загинаа четири лица, меѓу кои и еден полицаец.

Вонредната состојба ќе им даде на властите дополнителни овластувања кога станува збор за забрана на собири на овој пацифички остров под контрола на Франција.

Франција испрати и неколку стотици припадници на полицијата и жандармеријата, изјави портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.

Меѓу 500-те обучени членови се и полицајци за борба против нереди. Училиштата на островот се затворени, а во главниот град веќе е воведена вонредна состојба.

Елисејската палата денеска потврди три смртни случаи, без дополнителни детали, жандармеријата објави дека еден од нејзините членови, кој денеска се здобил со тешки повреди на главата, подоцна починал, јавуваат француските медиуми.

Нова Каледонија е потресена од бунт на сепаратистите кои се противат на долгонајавуваната изборна реформа изгласана од францускиот парламент утринава.

Националното собрание утрово со 351 глас за и 153 против го усвои предлогот за уставен закон за проширување на електоратот во Нова Каледонија.

Текстот на усвоениот предлог-закон предвидува право на глас на локалните избори за сите граѓани кои таму живеат повеќе од десет години.

Претседателот Макрон денеска ги покани претставниците на Нова Каледонија да продолжат со разговорите со државните институции.

притисни ентер